Реката Драгор во Битола е место каде некои граѓани често ја покажуваат својата ниска еколошка свест, негрижа за животната средина и недостиг на елементарна култура.
И денеска на ФБ групата Битола сака чист воздух, битолчанец објави фотографии на кои се гледа ѓубриште во водите на реката по течението кај кружниот тек на Црн мост.
Револтирани граѓани коментираат дека ова е срам за Битола, прашуваат дали ова му доликува на конзулски град, како што милуваме да го нарекуваме.
Во Драгор често се фрла ѓубре, а често може да се видат разни предмети, па дури и покуќнина од која се ослободуваат граѓаните. Се случувало, исто така, водата да биде обоена од разни хемикалии од некои фабрики.
Барем досега јавно не се кажало дека откриен е и казнет некој загадувач на водите на реката Драгор.