АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолското корзо е симбол на урбаното живеење и датира уште многу одмана, но, иако низ годините се менувале навиките и обичаите на битолчани за променадите по главната улица, сепак корзото, кое исчезнало во многу урбани средини, во Битола постои и денес.
Овие сончеви денови расте бројот посетители на пешачката зона што ги повзрува туристичките места Претор со Сливница и Крани. Местото слободно може да се нарече Преспанско корзо. Само викендов таму имаше околу петстотини гости од Битола, Прилеп, Ресен и други градови и околни села. Дел рекреираа трчајќи, везејќи велосипеди и ролери, а други пешачеа. Целата патека е долга околу пет километри во еден правец и е рамна без угорнини и удолнини, па е прикладна за пешачење и на деца и на постари лица.