2win800x200

Факт е дека воздухот во Битола не само што е екстремно загаден, туку е  и смртно загаден и фатален по здравјето на многу луѓе. А смртта не бира ниту партија, ниту вера, ниту функција, ниту социјален статус, ниту професија. Мораме сите да признаеме дека мораме да реализираме илјадници мерки за да го намалиме загадувањето, свесен сум дека не треба да губиме време, бидејќи секој изгубен ден, можеби значи некој изгубен живот.

 Добра работа, ако во ова сето ова има добра работа, е подигнатата свест кај многу луѓе, кај многу организации, кај многу поединци. Дечките со мерачите Airly, Фејсбук  групата Битола сака чист воздух, Битола на точак, Ротари, Зелен Баир, се сè  тоа ентузијасти кои искрено се загрижени за решавање на овој проблем и сакаат негово решавање. Јавно се зборува за овој проблем, се апелира, се предлагаат мерки до сите надлежни. Можеби првата работа за решавање на еден проблем е свесноста за истиот. Во Битола, свесноста за овој проблем се подигна на највисоко ниво и тоа ми дава надеж дека сите заедно ќе го решиме проблемот. Знам дека нема да биде лесно, ама оваа битка мора да ја добиеме.

Жалам

Што пред пет-шест години, кога почна да се зборува за проблемот, се изгубија две години за тогашната  локалната власт  да признае дека воздухот е загаден. Се уште се свежи сеќавањата од прес конференциите  во кои не убедуваа дека против „божјите сили“ никој не може да се бори, дека треба да дуваме во маглата и дека сите ние сме животни кои јавно поставуваат маски на лицата и апелираат да се преземат мерки за почист воздух. Се изгубија големи две години, а за 12 години власт само 6 милиони денари за субвенционирање на печки на пелети.

Во овие две години од локалната власт се презедоа многу мерки за Заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот. Најпрво се оспособи Обиколницата, затворена претходно 13 месеци, се овозможи камионите и автомобилите да не влегуваат во центарот на градот,  започна да се гради колекторскиот систем на Пелистер, ќе се гради и Пречистителна станица, Гасоводот е пред Битола, се субвенционираа од   општинскиот буџет печки на пелети во вредност од 2,5 милиони денари, велосипеди за 0,5 милиони денари, климатизери во вкупна вредност од 5 милиони денари. За првпат оваа година имавме и Програма за заштита на животната средина, ќе ја имаме и во 2020 година.

РЕК- Битола на два пати организираше акции на кои засади по околу 50.000 багреми, нешто што не се направило никогаш.  Многу брзо се очекува, според мене, можеби и најважната мерка во сите овие години, односно директно купување на 2.500 инвертер клими за Битола, клими кои ќе бидат доделени на домаќинствата кои живеат во централното градско подрачје, односно во областите кои се и најмногу загадени. Според мене, ако само половината од оваа бројка искрено ги заменат своите извори на загревање, од дрва на клима, ние ќе ги имаме првите резултати во подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Многу брзо

Во Советот ќе ја носиме Програмата за заштита на животната средина за 2020 година. Таа мора да биде многу „поскапа“ отколку таа во 2019 година. Мора да содржи многу повеќе мерки, да биде многу повеќе инвентивна, мора да предвидува повеќе резултати. Мерките кои ќе ги предвидиме во неа треба да бидат  поефективни, побрзи и порешителни. Време за губење немаме.

Инспекциските служби мора сериозно да си ја разберат својата работа. Треба да биде казнет секој кој гори масло, лакиран мебел, пластика, гума. Во последниот период, заедно со МВР засилени се контролите, и тоа е за поздравување, ама треба и да продолжи. Граѓаните мора да почувствуваат дека некој се грижи за нив, дека работи во нивна корист, и само така взаемната доверба  ќе се зголемува.

Да не се лажиме дека проблемот ќе го решиме за два или три дена. Ама сакаме да го решиме, имаме желба, не се плашиме јавно да проговориме за истиот, а ако така му пријдете на еден проблем, решение ќе се најди.

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Сте ние кои живееме овде, а и сите кои заминаа надвор, се горди на родниот град. Кажуваат дека имаат прекрасен Широк Сокак, убав Пелистер, супер Шеталиште, многу клавири, конзулати, гостопримство, дека градот има душа или да се послужам со еден графит кој во еден период беше напишан на Широк Сокак, „Битола е градот“.

Претходниот викенд една манифестација го потврди се она погоре напишано, ама и еден настан не врати во реалноста, не врати во нашето самоуништување, во  образованието, во домашното воспитување,  даде повод да размислување, каде одиме и каде се движиме. Се судрија две Битоли, два концепта, две визии.

Музика од Светот или СЈАЈОТ или БИТОЛА

Три вечери Битола во Центарот за култура  личеше на она што сите сакаме да го видиме. На она што сите сакаме да го почувствуваме, на вистинска метропола. Организацијата на Центарот  одлична, атрактивни гости, Томашевиќ извонредна , Агушеви  и Хели Сиекинен супер, битолскиот Камерен оркестар 5+, Благојче како и секогаш маестрален, публиката фантастична и гладна за врвни музички настани, со една реченица Битола каква што треба да биде и каква што ја личи.

По завршувањето на секоја вечер, се гледаше дека луѓето се задоволни од она што го виделе, дека ќе дојдат и наредната вечер, дека ќе дојдат и догодина. Впечатокот дека поминале прекрасна вечер се гледаше на лицата на сите, беше лесно препознатливо и забележително.

Никој и не сакаше да оди дома, бисот задолжителен, Битола  во полн сјај.

Уништениот парк или бедата или (не)битола

На само неколку стотина метра растојание од Центарот за култура, на штотуку изградениот детски парк, најверојатно во исто време, некој се изживуваше. Не поминаа два дена, а некој почувствува потреба да расипе нешто, да исчкрта, да уништи.

И го добивате чувството дека за некој дно нема, дека дното е само замислено и некој успева и од најдолното да оди уште надолу.

Некој срушил реквизити, испишал клупи и делови од опремата со графити и си го потпишал своето име или прекар. Не знам што добил со тоа, сигурно бил ,,најјак“ меѓу своите другари, бил ѕвезда таа вечер, бил нај ,,мангуп“, можеби и берел ,,поени“. А паркот, се уште не е официјално пуштен, а во близина стои и табла дека има видео надзор.

Можеби и сето ова е поправливо, ама бедата која се практикува е непоправлива и нема лесно да се поправи. Затаиле тука и домашните, и наставниците, и целото општество кое успеало да израсне луѓе кои ова можат да го направат.

Секакви зборови на револт се изначитав овие денови за овој случај, а кој и да го употребите нема да згрешите, дури и неколку заедно.

Беда, Срамота, Дно, Ужас, Бљак, Идиотизам, Несовест, Криминал.

Првата Битола треба да е нашиот предизвик, тоа треба да е целта кон која ќе се стремиме. Сјајна, убава, расположена, весела.

Втората бедна, жална, грда, самоуништувачка, депримирачка.

Неа треба да ја поразиме!

 

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани