АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младински културен центар Битола веќе девет години е овластено здружение на граѓани за давање претходна правна помош. Деветгодишното постоење на канцеларијата за претходна правна помош овозможи кај граѓаните од општина Битола, како и поблиските општини (Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен и Кичево), препознатливост на МКЦ - Битола како место во кое истите се обраќаат и добиваат претходна правна помош во вид на општа правна информација, иницијален правен совет, како и помош при пополнување на барање за бесплатна правна помош.
Првенствена цел е едукација и заштита на законски загарантираните права, особено на социјално загрозените граѓани, како и обезбедување на претходна правна помош. Оваа година со изготвување на информативно видео, во соработка со останатите четири овластени здруженија од проектот „Пристап до правда во Македонија“, предвидено е поголема маса на граѓани да бидат информирани и запознати со новиот закон за бесплатна правна помош. Понатаму, преку одржување на четири едукативни сесии во општините Битола, Ресен и Кичево, како и преку одржување на директни средби со граѓаните од врата на врата предвидено е подигнување на јавната свест и степенот на нивна информираност од една страна, како и подобрување на нивните знаења за придобивките на законот од друга страна. Со цел утврдување на степенот на информираност на граѓаните со правата од постоечкиот закон за бесплатна правна помош предвидено е анкетирање на 120 граѓани селектирани според различни критериуми и изготвување на статистички преглед во поглед на возрасна граница, етничка припадност и степен на образование. Оваа анализа ни е од големо значење особено за поставување на идна насока за тоа кај кои категории на лица е потребна поголема ангажираност сè со цел нивно запознавање и информирање со правата и обврските од законот за бесплатна правна помош.
Во склоп на овогодинешните активности при одобрено барање за бесплатна правна помош предвидено е набљудување на постапки, како и обезбедување бесплатна правна помош на граѓаните чии барања се одбиени од страна на Министерство за правда.
Во процедура е донесување нов закон за бесплатна правна помош чија примена ќе започне од 01.10.2019 година. Новиот предлог закон предвидува можност за користење право на секундарна правна помош за секое лице кое има потреба од стручна правна помош од адвокат, за конкретна правна работа, кое не е во можност да ги плати трошоците на постапката заради неговата финансиска состојба, чие барање е оправдано и ги исполнува законски предвидените критериуми.
Во текот на 2018-та година од страна на МКЦ - Битола дадена е претходна правна помош на вкупно 162 граѓани. Врз основа на вака укажаната претходна правна помош поднесени се седум барања за бесплатна правна помош, од кои четири се одобрени, две се одбиени, а за едно барање постапката е запрена, по иницијатива на странката. Како резултат на одржаните едукативни сесии од страна на МКЦ - Битола едуцирани се вкупно 105 граѓани од општините Битола, Могила, Ресен и Кичево и истите се запознати со законот за бесплатна правна помош. Оваа година очекуваме бројот на услужени граѓани да биде зголемен. За таа цел апелираме до сите граѓани кои имаат правен проблем или познаваат некој кој има правен проблем, да се обратат во нашата канцеларија, на ул.„Цар Самоил“ бр.29, секој работен ден од 09:00 до 16:30 часот или на телефонските броеви 047 233-020 или 071 254 337 и да побараат претходна правна помош.
Во склоп на активностите планирани со проектот „Пристап до правда во Македонија“, кој што се реализира со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество - Македонија канцеларијата на МКЦ - Битола е отворена за сите граѓани во текот на 2019 година, стои во соопштението на МКЦ – Битола.
Денеска во Битола започна последниот од трите дводневни настани за вмрежување наменети за граѓанските организации и креаторите на младински политики на тема „Младинска мобилност“. Настанот го организираат Младинскиот културен центар – Битола и Фондацијата за претприемачки сервис за млади, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, од програмата IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.
-Ова е последниот од трите настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креатори и спроведувачи на политики и програми за млади и е посветен на многу важна тема за младите, а тоа е мобилноста со цел да се оддаде едно признание за важноста и влијанието на мобилноста врз позитивниот професионален и социјален развој на младите. Настанот ќе овозможи да се добијат директни информации за моменталната состојба како и плановите, програмите и новините во областа на мобилноста, презентација на најдобри практики и споделување на искуства и научени лекции од мобилноста на терен. Ќе се дискутира Bh за Еразмус плус вклучително за ЕВС програмите, за Peace Corps волонтерите, за платформите млади инфо и јутвики итн, вели Мери Нашоку, координатор за градење на капацитети од Младинскиот културен центар во Битола.
Според концептот на настанот, денеска се организира панел дискусија со осврт на можностите и новините во програмите за мобилност, како и за искуствата и научените лекции од мобилноста на терен, а се дискутира по следниве прашања:
- Кои програми за мобилност се достапни во Македонија?
Кои се програмите кои се користат или можат да се обезбедат за младинска мобилност?
- Во кои области на мобилност се реализираат овие програми? Кои се зацртаните цели кои програмите сакаат да ги остварат? (Што претставуваат и кои се разликите меѓу програмите Еразмус +, ЕВС, РИКО, други)
- Кои се потребите на младите и младинските организации во поглед на мобилноста? Дали програмите одговараат на овие потреби?
- Кои се препораките за подобро искористување на понудените програми за мобилност и зголемување на нивниот ефект?
Утре ќе се посвети внимание на Б2Б (бизнис со бизнис) средбите помеѓу граѓанските организации со цел поврзување, запознавање и остварување соработка во иднина.
Настанот е наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полето на младинската мобилност, креатори и спроведувачи на политики за млади на национално и локално ниво, образовни институции, млади корисници на програмите за мобилност и сл.
Во последните години се повеќе млади се одважуваат да започнат свој бинзис, но сепак не е лесно зашто Македонија е земја сѐ уште во транзиција, излегуваме од еден минат систем каде имате пред сѐ родители дома кои викаат дај да ве вработиме некаде плата да се земате и осигурување. Ова го кажа Димитар Ристосвки, извршен директор на Европска бизнис асоцијација на денешната јавна дискусија по повод Европската недела на претприемништвото. Јавната дискусија беше во организација на МКЦ Битола, а на тема „Претприемничкиот дух кај младите, можност за развој на нови бизниси“.
Многу мал е бројот на граѓани кои знаат за постоењето на законот за бесплатна правна помош, за нивните права како и за тоа каде можат да се обратат за да започнат за решавање на нивните проблеми, беше речено денеска на прес-конференцијата „Резултати од досегашната имплементација на проектот Пристап до правда во Македонија“, што се одржа во Младински културен центар - Битола.
Реплики на ретки икони кои го краселе само манастирот во Слепче насликал познатиот ликовен уметник од Демир Хисар, Љубе Неделковски –Бобек. Меѓу нив се иконите на Богородица Троеручица, која пак ја има само на манастирот во Хилендар и во Слепче. Но, македонската икона е однесена во Музејот во Скопје и таму се чува, а Бобек насликал икона како онаа слепченската, давајќи свој уметнички белег во сликањето..