2win800x200

 

Го пренесуваме интергрално обраќањето на Коњановски пред утрешната седница на Совет 

„Наместо со популизам, потребно е со одговорност и работа, да покажеме дека и градоначалникот и Советот имаат една цел: Граѓаните да бидат на прво место, во поубава Битола која ќе напредува. Тоа значи: решавање на проблемот со бездомните животни, нови и опремени паркови, поддршка за лицата со ретки болести, спортски напредок, подобра инфраструктура, субвенции за сите. Тоа и сакаме да го постигнеме со предложениот ребаланс на буџетот, за кој советниците од опозицијата, деновиве со лажни тврдења, сакаат да ја манипулираат јавноста.

Проектите се на граѓаните и тие мора да ја знаат вистината: како се вложуваат нивните пари.

Советничкиот надомест не се средства за партиски напредок на поединци, туку средства за сработеното од претставниците на граѓаните, за реализација на нови и продолжување на започнатите проекти, за што континуирано се залагам јас како градоначалник со голема поддршка од општинската администрација.

Општина Битола, ја продолжува развојната визија, која ја најавивме уште во декември и во согласност со што работиме, повеќе од половина година. Развојот подразбира и измени и дополнувања според потребите кои произлегуваат во процесот на работа, токму поради што и предложениот ребаланс за утрешната седница, соодветствува на развојната компонента. На денешната прес конференција, сакам да потенцирам два важни сегменти, поврзани со работата на локалната самоуправа и ребалансот на буџетот за кој советниците на СДСМ најавија дека нема да дадат поддршка:

Првиот, кој е од голема важност и се однесува на изградбата на прифатилиштето и решавањето на проблемот со бездомните животни, а вториот сегмент се однесува на проекти од витална инфраструктурна, економска, социјална и спортска важност, со чие неподдржување во ребалансот на буџетот, би се наштетило на многу области и делови од целата општина.

Додека трае имплементацијата на временото решение на проблемот со кучињата скитници, преку нивно заловување и соодветен третман, подготвувајќи се за стартување со работа на надворешниот дел на прифатилиштето кое го градиме, направивме финансиска и функционална анализа на постапките кои претстојат, за да може за многу кусо време да го решиме долгогодишниот загрижувачки проблем со кучињата скитници.

Надворешниот дел од прифатилиштето очекувам да почне со работа, најдоцна до месец октомври, што секако зависи и од експедитивноста и на неколку државни институции. Тука мислам на систематизацијата на работни места во ЈП Комуналец, каде во делот на шинтерската служба, ќе бидат потребни измени и дополнувања, а за што ќе треба да се добие и согласност од Министерството за информатичко општество и администрација. Со тоа, јавното претпријатие, ќе добие кадри кои ќе работат на собирање, транспорт и грижа за бездомните кучиња. Тука сакам да ги повикам, здруженијата за заштита на животните, кога ќе биде објавен огласот за вработување на лица за работа на прифатилиштето, да пријават свои членови на огласот, за да можеме заеднички да продолжиме со работа. Според извршената пресметка, средствата кои ќе бидат потребни за 10 вработени, на годишно ниво, изнесуваат околу 6.000.000 денари.

Паралелно работиме и на постапката за добивање дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во прифатилиштето ќе можат да се згрижат околу 50 - 60 кучиња во исто време, од констатираната бројка од околу 500 бездомни кучиња во општина Битола, со што за една година, според експертските анализи, би се намалил бројот на кучиња скитници за 75%. Исто така, многу би се намалила и моментално потребната годишна сума за ветеринарни услуги на оваа бројка кучиња, која изнесува околу 6.500.000 денари, односно околу 300 евра по куче. Намалувањето ќе произлезе од тоа што од економски оператор ќе се користи само ветеринарната услуга, а не и заловувањето, транспортот и чувањето на кучињата.

На овој начин, за многу помалку пари, со финансиски исплатливо решение, ефективно и брзо ќе се реши проблемот со кучињата скитници во Битола, за што секако дека ќе побарам и поддршка од полицијата за зголемени контроли и недозволување на истовар на кучиња од други општини.

Ваквата проценка и започнатите постапки, потврдуваат дека со веќе планираните 5.000.0000 денари за надворешниот дел од прифатилиштето, можеме да делуваме веднаш, а во овој момент не е решение инвестиција на 46.000.000 денари за целосна изградба на внатрешен дел од прифатилиштето, што би значело многу повеќе потрошени средства и уште многу подолг период на чекање, проблеми и опасност за граѓаните.

Затоа, на оваа ставка во развојната програма за оваа година остануваат 5.000.000 денари, а со ребалансот на буџетот, останатите средства од оваа година ги пренасочуваме во програмата за уредување на градежно земјиште, односно реализација на инфраструктурни проекти, капитални расходи и други проекти со висок приоритет, за кои советниците од СДСМ, најавија дека нема да дадат поддршка, односно нема да го поддржат ребалансот на буџетот.

Со тоа, сакам да ја информирам јавноста, дека овие советници, преку прес конференција се изјаснија дека нема да дадат поддршка на средствата планирани за спортот и инвестициите во спортската сала, нема да поддржат финансиски средства за лицата со ретки болести, субвенции за сите апликанти за инвертер клима уреди и уште неколку проекти за кои ќе дадам детално образложение.

Конкретно, советниците од СДСМ, не поддржуваат:

  • Нови 30.000.000 денари за спорт, со цел трите професионални спортски клубови, каде општина Битола или е целосен или малцински сопственик, да можат успешно да влезат во следната натпреварувачка сезона, односно, неподдржувањето им штети на:
  • РК Еурофарм Пелистер: каде што општина Битола веќе активно работи во соработка со клубот на реконструкција на спортската сала согласно потребните европски стандарди за Лигата на шампиони, како и реконструкција на паркинг просторот кај салата. Во овој дел планирани се и дополнителни средства од 3.000.000 денари кои претходно беа предложени на седница на Совет од страна на СДСМ, но за да може реално да се искористат истите мора да се предвидат со ребалансот на буџетот. Со ребалансот планираме и дополнителни 2.800.000 денари, кои се обврска на општината, а кои произлегуваат уште од периодот пред потпишувањето на ракометната платформа. Значи станува збор, за долг кој требало да го регулира претходната локална самоуправа, но истиот до денес не е расистен.
  • Кошаркарскиот клуб, каде што има нов приватен партнер кој што ќе даде дополнителен квалитет, да може да се санираат долговите од минатото, конкретно настанати во времето на претходната локална самоуправа, заради лошо планирање и проектирање на буџетот, а истото се однесува и на
  • ФК Пелистер кој за жал сеуште е во втората лига, но организациски е многу подобро поставен од претходно, со голем потенцијал да се врати онаму каде што припаѓа. Исто така, во однос на ФК Пелистер би сакал да ја информирам јавноста дека е добиено писмо за намери за потенцијално косопствеништво на клубот со приватен партнер од странство и остварен е прв иницијален состанок, на кој што заклучено е дека, разговорите ќе продолжат во текот на оваа фудбалска сезона, но конкретни делувања во однос на преземање на фудбалскиот клуб, би започнале во април 2024 година, кога ќе биде завршена транзиционата фаза од санирање на долговите на фудбалскиот клуб. Секако дека, после тоа ќе биде водена целосно транспарентна постапка, заедно со активна вклученост на Советот и на граѓаните на општина Битола, со цел, по четврти или петти пат, доколку се воспостави соработка со приватен партнер, овојпат, за разлика од минатото, таа соработка да биде на поцврсти темели и на среден и на долг рок, бидејќи, бевме сведоци на многу неуспешни обиди, кои резултирале само со генерирање на долгови, лошо планирање и лошо работење без ефективност и без резултати.

Доколку советниците не го изгласаат ребалансот на буџетот, ги загрозуваат трите професионални клубови, но и останатите спортски иницијативи, индивидуалниот спорт и другите спортски здруженија кои што очекуваат средства до крајот на оваа календарска година.

  • Неподдршката од Советот, ќе се рефлектира и на лицата со ретки болести. Во овој ребаланс на буџетот одвојуваме еден милион денари за патни трошоци на лицата со ретки болести.
  • Како единствена општина во државата издвојуваме 500.000 денари за функционирање на Регионален советодавен центар за жртвите на семејно и родово базирано насилство, каде вкупната финансиска конструкција е еден милион денари.
  • За сместување на бездомните лица, издвојуваме петстотини илјади денари, а дообезбедуваме средства и за проектот за општокорисна работа.
  • Во делот на животната средина издвојуваме дополнителни средства во износ од 1.000.000 денари за заловување на кучињата, како и дополнителни средства за исплата на сите пријавени апликанти на јавниот повик за инвертер клима уреди.
  • 5 милиони 227 илјади и петстотини денари планираме како кофинансирање за проектот „Баир – здружена акција“, што  меѓудругото ќе резултира и со набавка на опрема за јавна хигиена и тоа : 1 камион со опрема со капацитет соодветен за движење и собирањена отпад во тесни улици, како и 6 косилки за одржување на јавните површини.
  • Во ребалансот планираме и 3 милиони денари за реновирање на Копанки, два и пол милиони денари за Студенскиот парк кој треба да го изгради битолскиот универзитет, а за кој имаме идеен проект, како и повеќе од четири милиони денари за Новиот парк во Нова Битола, затоа што по изготвувањето на документацијата, сега се планираат дополнителни средства за јавна набавка за реквизити во паркот.

Лицемерното однесување мора да прекине. Обвинувањата за криминално работење не само што се неосновани, туку се и грубо лажење на јавноста, зошто со неподдршката на ребалансот на буџетот, советниците треба да им одговорат и на:

  • Жителите на улицата Драгорска, дека не се согласуваат со завршување на реконструкцијата,
  • Дека не прифаќаат почеток на инфраструктурни активности и реконструкција на улиците во Горно и Долно Оризари, каде е потребно зголемување на средствата заради приклучоците кои треба да се заменат, затоа што тоа се позиции кои се решаваа во овој период.

Сеуште верувам дека и советниците, знаат дека платени од парите на граѓаните, мора да продолжат да работат во интерес на граѓаните и ќе ја променат одлуката, со која ќе потврдат дека интересот им е Битола, а не само напредок на нивната политичка кариера преку популизам на штета на социјалните категории, болните лица, на штета на спортот, туризмот, инфраструктурата.

Затоа, на утрешната седница очекувам целосна поддршка на реабалансот на буџетот.

Читајќи песна од битолскиот поет Панде Манојлов наречена „Душа“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја заврши денешната прес конференција на која го обвини како што рече, новото советничко мнозинство за незаконско одржување на седница, донесување на незаконски одлуки за разрешување на управни тела во јавните претпријатија и за иницијативи за разрешување директор за што немаат надлежност, а значат мешање во неговите ингеренции.

Коњановски рече „бидејќи е крај на викендот, би ве замолил за кратко заедно да ја проследиме, ова е многу поучна песна која е добро да се чуе“:

„Душата тежела само 21 грам,

така покажаа испитувањата

од пред стотина години.

Во 21 грам собрано е се,

и љубов и среќа, и добрина и надеж.

Во тие 21 грам не се пресметани

омразта, зависта, гневот и лошотилукот,

За нив нема мерка што ќе ги измери“, прочита Коњановски.

Тој рече дека од неговото доаѓање, како градоначалник на Општина Битола, главен приоритет му е работа и посветеност во работењето, во интерес на Битола како град во интерес на сите битолчани. Во ниту еден момент не помислив дека мојата работа треба да се сведува на собирање политички поени или манипулирање на граѓаните, како што тоа се прави од одредени структури во Советот на општина Битола.

Ребаланс на буџетот мора да има, на тоа веќе работи општинската администрација. Ќе им биде понуден на сите советнички групи, секој да каже свои предлози, тоа не е мој или на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сите граѓани и сите треба да учествуваат, па да видиме колку ќе бидат конструктивни сите оние што повикуваат на ребаланс“, рече градоначалникот Тони Коњановски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со изјавата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, дека ако недостигаат средства градоначалникот треба да се зафати со работа и да понуди ребаланс на буџетот, а не да се жао по прес конференции.  

„Работењето го докажуваат резултатите и сработеното , а во Битола тие се случуваат евидентно. Тоа е реалност преку инфраструктурните проекти кои се работат на 16 локации истовремено и реализација на општинските програми за уредување на градежното земјите,  програмата за економски развој која се однесува на проектното планирањее и подготовка на нови проекти, програмите за социјална заштита, спорт, млади и култура. За разлика од мојата работа како градоначалник и посветеноста на општинста администрација веќе неколку месеци сведоци сме на непочитување на законите и манипулации на штета на граѓаните кои произлегуваат токму од претседателката на Советот. Потврда за ова е и 26 седница за која на Илиевска ѝ беше укажано дека погрешила и од министерот за локална самоуправа и од државниот инспекторат. Вториот случај, исто манипулативен, е постапувањето спротивно на Законот за јавни претпријатија, преку покажување лажна загриженост за граѓаните. И таа седнница поради новата коалиција на Илиевска значи нови одолговлекувања на процесот на доцнење на одлуките“, рече Коњановски.

Претходно Илиевска одржа прес конференција на која изјави дека Советот беспрекорно функционира, ништо не е закочено и се поддржуваат проектите што се во интерес на Битола и граѓаните..

Од шлемови до чизми, обезбедени се десетици комплети заштитна опрема за пожарникарите од петте пелагониски општини Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен. Опремата е набавена преку проект за прекугранична соработака со Грција импелементиран од Пелагонискиот плански регион во координација со Министерството за локална самоуправа.

„Оваа опрема ни беше навистина неопходна и ја добивме во вистинскимомент токму кога опремата што ја имаме беше истрошена, па стигнавем во ситуација да баравме од други места за да се снаоѓаме. Приостигна во точен момент и ќе бидеме добро опремени’, рече Горан Димкоски, командир на Противпожарната единица од Битола.

Таа доби 32 комплети интервентни заштитни одела, чизми, ракавиции и 32 парчиња заштитни шлемови за интервенција во урбана средина. Ианку, располага со 13 возила и е добро екипирана со 42 вработени пожарникари кои годишно во просек имаат 700 до 800 интервенции, со исклулчок на 2022 година кога биле само 450.  

Градоначалникот Тони Коњановски изрази надеж дека годинава ќе започне изградбата на новиот противпожарен дом во Битола.

„Како локална самоуправа насоечни сме кон создавање на соодветени услови за работа на Противпожарната единица со изградба на нов противпожарен дом во касарната на површина од 1495 квадратни метри. Основниот проект е изготвен и предвидува содржина од 12 фази, меѓу кои архитектура, водовод, канализација, машински инсталации и друго, како и соодветени елаборати кои се однесуваат на оваа градба кои се специфични. Во моменов проектот е во фаза на ревизија’, рече Коњановски.

Изградбата на новата протиовпожарна зграда е еден од капиталните прокети што ги вети сегашната локална власт преводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, кој е и претседател на Пелагонискиот плански регион рече дека донација за опрема на противпожарните единици изнесува 117 000 евра, а за Прилеп се обезбедени 30 комплетни униформи за шумски пожари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани