АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола денеска е под магла и намалена видливоста од 50 до 100 метри , а утрово темпаратурата се спушти до -4степени Целизиусови.
Претежно облачно, сончеви периоди ќе има во крајните западни и источни делови. По котлините ќе има појава на магла, која по одделни котлини ќе се задржи во текот на целиот ден со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата на воздухот ќе достигне од 1 до 10 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. Во втората половина од следната недела врнежите се очекува да бидат пообилни.
Утринските температури во целата држава се под нулата. Најстудено беше во Битола каде во седум часот се измерени -18 степени. Веќе две недели Битола е со екстремно ниски температури кои се движат од минус 21 до минус 16 степени.
Утринава е значително облачно и студено, а на планините е потопло. Во Полог има појава на магла. За денеска, Управата за хидрометеоролошки работи најавува претежно облачно време со магла по котлините. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, а во Пелагонија ќе има услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер и температура до три степени.
Утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а во следните денови ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.
Најстуденото утро во Македонија денеска го имаа битолчани со температура што се спушти до минус 21 степен.
Времето утрово е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне од минус четири до четири степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.
Во недела во текот на ноќта и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините.