2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Алал / Ј'зк

Март 28, 2018

Алал

Акцијата за разеленување на Битола продолжува. Шеталиштето  е збогатено со нови садници. Деновиве екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“ засадија дрвца на местата каде недостигаа или вандали ги имаа откорнато.

Ј’зк

Додека едни садат, други јадат. Некој без ронка совест го пушти стадото кози да се напасува низ градското шеталиште. Ова не е првпат и време е да се преземат мерки за казнување на несовесните граѓани кои придонесуваат да се уништи јавното зеленило.

Откорнети се борчиња од жардиниери поставени на битолското Шеталиште. Ваквиот вандализам предизвика критики од битолчани кои рекреираат во овој дел од градот. Тие велат дека иако се работи за неколку дрвца, секое стебло е добредојдено во градот кој мака мачи со аерозагадувањето.

Вандали во текот на ноќта ја демолирале урбаната опрема на битолското шеталиште. Позади себе оставиле пустош, превртувајќи ги и уништувајќи ги жардинерите со цвеќиња, а исто така искршиле и десетина корпи за отпадоци.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани