2win800x200

Лов на педофили во Битола - ОЈО Битола со апел до граѓаните да пријават сознанија за кривични дела

Март 21, 2025
фото Скопје 1 фото Скопје 1

На социјалните мрежи се шират видеа за разоткриени наводни педофили во Битола.  https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=3gXdAXcoCqk

Видеото од Битола, објавено на социјалните мрежи, покажува двајца мажи намамени од членови на „Пантер“. Според снимката, групата ги намамила осомничените на јавен простор, тврдејќи дека планирале средба со малолетници за евентуални сексуални цели. „Пантер“ користи лажни онлајн профили за да привлече педофили, по што организира соочувања. Нивната цел е да ги идентификуваат и јавно да ги разоткријат сторителите, подигајќи ја свеста за проблемот со сексуална експлоатација, пишуваат медиуми

 

-Основното јавно обвинителство Битола е известено за ваквите појави и презема дејствија за целосно расчистување на случаите и одговорноста од сите аспекти. Апелираме до сите граѓани кои имаат сознанија за кривични дела да ги пријавуваат во надлежните институции - МВР или јавните обвинителства и да не се обидуваат да ја преземаат правдата во свои раце, изјави Обвинителството од Битола за АПЛА.мк.

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани