
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, а според информациите од МВР, во судирот на автомобил со странски таблички и друга кола со охридски таблички, загинал 52-годишен битолчанец, објави „Скопје1“. Во несреќата се повредени неколку луѓе кои се префрлени во болница, но засега нема информации за тежината на нивните повреди. Според првичните сознанија, еден од автомобилите целосно изгорел.
Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата. Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин од 13:20 часот.