
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира - На 06.09.2025 во 19:00 часот, на ул. „Новачки пат" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Џ.(34) од Битола. Имено, при вршење на радарска контрола, полициските службеници констатирале дека А.Џ. управувал патничко возило „алфа" со битолски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час во населено место, каде дозволена брзина била 50 километри на час. По документирање на настанот против истиот ќе следува кривична пријава за кривично дело ,,Безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ на РСМ.