2win800x200

Битолската полиција ја фати бандата што фрли бомба и запали седум возила на ул.„Охридска“ во Битола

Септември 20, 2025
фото илустрација фото илустрација
На 20.09.2025 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл.288 од КЗ
против Б.А.(33) од Битола, Н.Ц.(25) од с. Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ.(40) од Битола и П.Д.(38) од Битола. Имено, на 12.07.2025 околу 02:05 часот Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. При тоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени седум возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело. На 19.09 и 20.09.2025, по наредба од Основен суд Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола извршени се претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што пронајдени биле една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела. Б.А., Н.Ц. и П.Д. се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ѓ..
 
Како што е познато на 12 јули годинава беа опожарени седум возила  во експлозија од направа фрлена на улицата „Охридска“ во Битола 
Според СВР Битола, тогаш непознати лица околу два часот фрлиле експлозивна направа на улицата "Охридска" во делот кој се наоѓа кај Дрвен Пазар, односно во градското јадро. Од експлозијата беа оштетени седум паркирани возила „фолксваген”, „бмв”, „тојота”, „киа”, „рено” „матиз” и „тико”, сите со битолски регистарски ознаки . Имаше и помали оштетувања на прозорци и врати од околните куќи.  
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани