2win800x200

Уапсен 24 годишен маж од Битола возел "дроп" пијан на ул. "Пецо Божиновски"

Септември 28, 2025

Лишен од слобода битолчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол


На 28.09.2025 во 06:30 часот на ул „Пецо Божиновски" во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола го лишиja од слобода Р.Д.(24) од Битола. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило ,, алфа ромео " со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и при извршена контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51% промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани