2win800x200

Момче на 20 години од Битола возело со 148 километри на час на патот Охрид-Ресен

Септември 26, 2025

СВР Битола соопшти - На 24.09.2025 на патот Охрид-Ресен, кај место викано „Рибник”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода  Д.В.(20) од Битола. При контрола со радар во сообраќајот, полициските службеници констатирале дека тој управувал возило „фолксваген“со битолски регистарски ознаки со брзина од 148 километри на час на место што брзината со сообраќаен знак е ограничена на 70 километри на час.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик - ,,безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани