2win800x200

Кривична пријава за четворица битолчани кои му се закануваа на министерот за внатрешни работи на протестите во февруари

Март 25, 2026

СВР Битола поднесе кривична пријава против 4 лица кои во февруари з авреме на протестите на Обиколницата се закануваа кон полицијата и министерот за внатрешни работи.  

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“. На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи. Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани