
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицијата утрово е во акција за детска порнографија, се вршат претреси и во Битола.
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, во координација со одделенијата при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата.
Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации, со цел обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во Кривичниот законик. Еден од претресите е кај лице кое се поврзува со бугарско здружение во државава, објавија медиуми.
Од МВР информираат дека во текот на претресите се одземаат компјутерски уреди и дигитални податоци кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа и ќе послужат како доказен материјал во истрагата.
Според неофицијални информации, едно од лицата опфатени со акцијата се поврзува, медиумски ангажмани односно поткасти.
Од институциите засега не откриваат дополнителни детали за акцијата бидејќи е во тек.
Се очекува по завршување на акцијата да бидат соопштени повеќе информации за резултатите.
