2win800x200

За два дена неколкумина битолчани истепани на среде улица

Мај 28, 2019

Истепани неколкумина битолчани на среде улица и омаловажен и навреден полицаец, евидентирала битолската полиција во последните два дена.

На 28 мај во СВР  Битола, С.Н. од Битола пријавил дека истиот ден околу 02.40 часот пред локал  на улица „Македонски Гемиџии” во Битола физички бил нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

На 27 мај околу 21.40 часот во зградата на СВР Битола, при превземање на службени дејствија, полициски службеници  беа омаловажувани и навредувани од лицето К.М.(61) од Битола. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против его ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27 мај во СВР Битола, П.Ш.(30) од с. Могила, битолско, пријавил дека во близина на основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола  физички бил нападнат од лицето Г.Т. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27 мај во СВР Битола, М.П. од Битола пријавил дека истиот ден околу 21.00 часот на улица „Генерал Васко Карангелевски” во Битола физички бил нападнат од едно непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани