2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Донираната облека за Црвениот крст расфрлана по земја

Октомври 12, 2019

Расфрлана облека пред контејнерот на Црвениот крст во Битола е секојдневна слика за битолчани. Кој е повеќе виновен за ваквата ситуација дали „хуманите “ граѓани кои најлоните со износена облека ги оставаат пред контејнерот наместо да ги стават внатре или пак оние што своеволно пребираат низ облеката  тешко е да се разграничи, велат станарите од околните згради.

 

Граѓани велат дека сликата од нашата фотографија трае не со денови и месеци туку неколку години назад и дека крајно време е да се смени ситуација затоа што е грда слика за градот.

Со прием на донации во облека и дистрибуцијата на истата до оние на кои им е најпотребна Црвениот крст од Битола почна во 2013 година , кога на ниво на државата во неколку градови  беа  поставени   контејнери  за  донирање на облека .

Според веб страната на Црвениот крст на Македонија на годишно ниво се собираат повеќе од 4 тони облека кои во континуитет се селектираат од страна на волонтери и жени од социјално загрозени семејства, а потоа се дистрибуираат до крајните корисници (институции, семејства и поединци).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани