АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Надлежни инспекциски служби со асистенција на полицијата попладнево вршат претреси по куќите на Битолскиот Баир под мостот кај обиколницата со цел да ги лоцираат лицата кои изминатите денови палеле отпад и сечеле дрвја од околните ридови за да горат на обиколницата. Апла.мк денеска објави http://apla.mk/index.php/direktno/item/4154-nokje-se-pali-denje-se-e-chisto фотографии од синоќа откако засега непознати лица запалиле отпад, но и изгореле зимзелени дрвја, ново сечени од околните ридови. Очевидици тврдат дека надлежните инспектори се на терен со цел да ги откријат сторителите, кои дополнително придонесуваат за загадување на амбиенталниот воздух во градот. Минатата недела жители од оваа населба запалија гуми и дрва на самиот асфалт на обиколницата и го блокираа сообраќајот барајќи нивните домови да бидат вклучени на електричната мрежа, откако во нивна близина изгоре трафостаница заради диви приклучоци на мрежата.
Од СВР-Битола за Апла.мк потврдуваат дека полицијата е на терен во асистенцијата на инспектори од Општина Битола.
http://apla.mk/index.php/direktno/item/4154-nokje-se-pali-denje-se-e-chisto
А.Б