Webp.net gifmaker

Битолчани наместо во изолација едниот шетал по села, а другиот го пријавиле соседите

Август 12, 2020

 Двајца жители на Општина Битола се сомничат за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ бидејќи полицијата не ги затекнала дома иако требало да бидат во изолација поради контакт со претходно потврден случај на КОВИД-19. Едниот осомничен  е младо момче од село, а другиот средовечен битолчанец кого соседите го пријавиле дека излегува од дома. Против двајцата се поднесени кривични пријави. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С.(25) од битолско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 31.07.2020 при вршење на контрола од полициски службеници, пријавениот не бил затекнат во својот дом, иако претходно имал решение за изолација. Со тоа Д.С. постапил спротивно на здравствените протоколи за спречување од ширење на заразна болест и заштита на населението.
 
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 07.08.2020 била добиена телефонска дојава дека пријавениот излегува од својот дом, иако претходно имал решение за изолација, со што постапил спротивно на здравствените протоколи за спречување од ширење на заразна болест и заштита на населението.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани