2win800x200

Притвор од 30 дена за разбојникот што на сила собори жена за златен ланец вреден 2.000 евра

Септември 14, 2020

 

Притвор од 30 дена доби разбојникот кој на сила собори битолчанка  во обид да и земе златен ланец вреден 2.000 евра.

Во намерата успеал, а по пријавата за насилството ОЈО Битола донело наредба за спроведување истражна постапка и предлог за притвор за насилникот.

Како што соопшти ЈО, осомничениот на 9 септември 2020 година во 18:45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил златниот ланец што го носела околу вратот и почнал со сила да се обидува да го скине.

-Бидејќи ланецот бил масивен и не се кинел, осомниченот започнал да ја влече и трга оштетената, ја соборил на тротоарот при што успеал да го скине ланецот во вредност од 120.000 денари и да го одземе со намера противправно да го присвои, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Судот го прифатил предлогот на ОЈО и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани