АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шест лица се повредени во масовна тепачка што се случила синоќа на веселба во хотелот во ресенското село Царев Двор, по што со возило на итната медициснка помош и со приватни автомобили биле префрлени во битолската Клиничка болница. Еден ресенчанец се здобил со убодна рана во пределот на градниот кош и расекотини по лицето, а кај оснатите пет лица биле констатирани полесни повреди, по што се пуштени дома, информираат од полицијата.
До тепачката дошло синоќа после 22 часот, кога телефонски во полициската станица во Ресен било пријавено дека е нарушен јавниот ред и мир и дошло до физичка пресметка меѓу Б.А. (22) и У.Ф. (31) од Охрид, од една страна и Т.К., Е.К., Т.К., Р.К., О.М. од Ресен како и други лица кои биле присутни на забавата од друга страна.
Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.