2win800x200

Битолчанка си го истепала семејството, а удрила и на полицијата

Февруари 18, 2018

Млада битолчанка по пресметката со таткото и братот, ги нападнала и полицајците кои дошле  да интервенираат за семејно насилство. Тројца членови на битолско семејство, Т.Т., Р.Т. и С.Т. синоќа биле лишени од слобода по физичка пресметка, додека 33- годишната М.Т. и тројца полицајци се пренесени во Клиничка болница Битола.

 

МВР информира дека тројцата полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, преземале службени дејствија по пријава од лицето Т.Т. (59) дека неговата ќерка М.Т.(33) го вознемирувала.Полициските службеници заедно со екипа на Итна медицинска помош се упатиле на местото на настанот и ја затекнале М.Т. во физичка пресметка со Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т..

Полициските службеници побарале од М.Т. да престане со насилното однесување и да биде прегледана од лекар на Итна медицинска помош, но таа ги нападнала полициските службеници, а при обид да ја внесат во возило на Итна медицинска помош, биле физички нападнати од Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т., додека мајката С.Т. ги попречувала во преземањето службени дејствија. Во еден момент Т.Т. турнал еден полициски службеник по скалите.

По укажана лекарска помош на полициските службеници констатирани им се телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани