АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ресенската полиција попладнево во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваше и изврши службен разговор со тројца малолетници од Ресен, двајца на 16-годишна возраст и еден 14 годишник, во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град, соопштија од МВР.
– Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци, информираа од МВР.
МВР ги приведе тројцата малолетници откако порталот локално.мк објави морбидни видеа од социјалната мрежа ТИК ТОК од млади луѓе кои лежат на гробна плоча и бараат 1500 лајкови, а на второто видео еден од нив се обидува да стави крст во снегот.