АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во градот кадешто аерозагадувањето е топ-тема и секој ден се дискутира за неа или се пишуваат статуси на Фејсбук, вандали истуркаа десетина новозасадени елки во Нова Битола. Беа засадени пред еден месец во рамките на проектот на Општината, наречен „За зелена Битола“.
„Се сомневаме дека и силниот ветер, кој дуваше викендов, можеби влијаеше, но дел од дрвцата без тргани. Истата вечер, вандали фрлија и нов контејнер во коритото на реката Драгаор. Го извлековме, а ги спасивме и дрвцата. Кај нив нема поголеми оштетувања и ги вративме во претходната состојба. Мислам дека е потребна едукација на менталитетот на дел од граѓаните“, рече Панде Богоевски, директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола.
Овие елки се дел од акцијата за засадување на 3.000 нови садници во Битола, со цел раззеленување на градот, збогатување со нови минипаркови и намалување на аерозагадувањето.