АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Возило со бугарски регистарски теблички обавува такси превоз низ Битола, се пожалија легалните битолски таксисти и фотогрфијата ја испратија до нашата редакција. Такститите велат дека возилото било фотографирано кај трговскиот центар „Јавор“ токму во моментот кога се разминувало со полициско возило.
Такститите коментираат дека легален такси превозник за да добие лиценца мора возилото да го регистрира во Македонија, па оттаму прашуваат дали ова возило легално обавува такси превоз низ градот, дали надлежните го имаат проверено на технички преглед како што тоа го прават со другите такси возила, дали има таксиметар и дали издава фискална сметка за услугата?
Од СВР Битола ни рекоа дека не е дозволено такси да вози со странски регистарски таблички и дека ваквите случаи ги гонат, па ќе биде испитан случајот. Од Општина Битола ни беше кажано дека инспектор по сообраќај излегол на терен, но не можел да го лоцира возило. Но, сепак остануваат во комуникација со полицијата и ќе го следат случајот.