АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Старец од Битола вчера му се слошило и паднал во коритото на реката Драгор, од падот се здобил со тешки телсни повреди по што е згрижен во Битолската болница.
-Вчера во СВР Битола од страна на лекар од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во реката Драгор имало паднато машко лице. Истиот е безбедно изваден од реката и утврдено е дека станува збор за Н.С (82)од Битола на кого, според пријавеното, му се слошило и паднал во неа. Н.С. бил префрлен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од СВР Битола.