Нема мерка деструктивноста и вандализмот на битолчани, оштетена дограмата и фасадата во ООУ „Елпида Караманди“-Битола

Март 31, 2021

 

Вандали исчкртале и испишале со спреј недолични содржи на новата дограма и фасадата на ООУ „Елпида Караманди“ во Битола. Само пред неколку дена од училиштето и општината информираа за новата инвестиција која се случи за прв пат по 4 децении, а веќе вандали ја уштетиле. 
-Убава, нова дограма, променета после 41 година постоење на училиштето.
Недолично однесување и вандалски чин на малолетници кои се собираат во вечерните часови, за кои не важи полициски час.
Но пример добиваат од возрасните. Пред еден месец и фасадата беше "украсена" со графит на родител при земање на неговото дете од училиште кој не се согласува детето да носи маска на училиште иако учи со физичко присуство, реагираат од ООУ „Елпида Караманди“ Битола.
167389155 3866585943423981 4069562552152673241 n
167138152 3866586103423965 7661031925190420911 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани