2win800x200

Лажно се тврди дека цитокинската бура кај пациент настанала поради примена вакцина

Октомври 04, 2021

Тврдењето во постот дека цитокинската бура кај момчето е последица на вакцината е лажно. Младиот човек при прераскажувањето на своето лично искуство на ниту едно место не тврди дека цитокинската бура настанала како последица на вакцина против ковид-19, туку како последица на самата болест ковид-19. И мајката на момчето во друг пост на Фејсбук, во делот на коментарите под постот, кажува дека тој бил вакциниран со една доза „Синовак“ вакцина и непосредно после тоа се заразил од ковид

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто личното искуство на млад човек со прележување на ковид-19 е злоупотребено за антивакцинален наратив. Во склоп на постот е објавена оваа колумна, каде што авторот раскажува дека иако млад и без придружни болести, заболел од ковид-19 и поминал низ цитокинска бура, медицинска состојба карактеристична за тешките форми и тешката клиничка слика на ковид. Меѓутоа, во својот текст и во прераскажувањето на своето лично искуство тој на ниту едно место не тврди дека цитокинската бура настанала како последица на вакцина против ковид-19, туку како последица на самата болест ковид-19.

Наспроти ова, авторот на постот, злоупотребувајќи го искажаното во колумната, тврди:

Еве ви ги вакцините во полн сјај. Дечково е син на моја пријателка, јавна личност и професорка. Здрав прав, се вакцинираше и ќе отпатуваше за малку на оној свет. Прочитајте што напишал, наместо да ги слушате лагите на Хер Хитлерче кој даде монтирана оставка, колку да се рече дал. Да ви се мочам во вакцините од ќерамиди. Трагикомично е што уште не сте свесни со што ве избоцкаа. Уште нека ве лажат дека глупавите антиваксери не знаат што зборуваат. Не се работи за антиваксерство. Се работи за тоа дека ве излажаа да, се бодете со опасни инјекции, а не вакцини. Прочитајте што напишал дечково, за деновите кога малку фалело да, се одјави од овој свет, по примената ковид вакцина. И не навлегувам во тоа дали дечкото е проваксер. Само кажувам што му се случи по примената вакцина. За тоа е постот. Да не се дообјаснувам, вели актерот Сашо Тасевски во постот што го рецензираме.

Меѓутоа, тврдењето дека цитокинската бура во конкрентиот случај е последица на вакцината е лажно. Тоа може да се заклучи и од друг пост на Фејсбук каде што мајката на момчето (во делот на коментарите под постот), коментира дека тој бил вакциниран со една доза „Синовак“ вакцина и непосредно после тоа се заразил од ковид.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/242473658_4359385574147749_6156133840413747059_n-703x1024.jpg 703w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/242473658_4359385574147749_6156133840413747059_n-768x1119.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/242473658_4359385574147749_6156133840413747059_n-1054x1536.jpg 1054w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/242473658_4359385574147749_6156133840413747059_n.jpg 1065w" alt="" width="500" height="729" class="aligncenter wp-image-106509 b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; clear: both; max-width: 100%; height: auto; display: block; margin: 15px auto 25px;" />

Доколку момчето се заразило со ковид непосредно по примањето на првата доза вакцината на „Синовак“, комплетно е неможно цитокинската бура да биде поврзана со вакцината, туку е поврзана со самото заболување ковид-19. Така тврди и тој самиот во својот текст каде што ниту еднаш не ја споменува вакцината како причинител на цитокинската бура, за разлика од постот, каде лажно тоа се инсинуира. Единствениот пат кога во текстот се споменува вакцината е во последниот пасус каде што момчето вели:

И да, кога ќе се вакцинирате со првата доза, чувајте се како да сте болни од ковид.

Токму на ова апелираа и низа стручни медицински лица во минатото, на пример доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заштита на населението од заразни болести. Зошто?

Затоа што после првата примена доза на вакцина против ковид, имунитет не се создава инстантно. За вакцината која што ја примило момчето (од производителот „Синовак“), потребен е период од најмалку 6 недели после втората примена доза за да се развие целосен вакцинален имунитет, па поради тоа потребно е да се штити граѓанинот кој се вакцинирал исто како да не е вакциниран. Во таа смисла е и апелот на момчето. Меѓутоа, постот, злоупотребувајќи ја оваа ситуација, прави сопствена конструкција , односно ја посочува примената доза вакцина како причина за настанатата цитокинска бура.

И странски проверувачи на факти оценуваат дека нема докази оти цитокинска бура настанува како последица на примена вакцина против ковид.

Во постот што го рецензираме, дури и во коментарите, голем дел од читателите реагираат на тврдењето, односно му посочуваат на авторот дека не ја разбрал суштината, односно дека момчето заболело од ковид и не тврди дека цитокинската бура е последица на вакцината.

Поради сите горенаведени факти, постот го оценуваме како невистинит.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани