2win800x200

Лага е дека германски патолог прави 40 обдукции дневно

Октомври 04, 2021

Тврдењето на Ширмахер дека 30 до 40 проценти од луѓето, чии тела ги обдуцирал, починале како последица на вакцината, како што самиот вели, е негова претпоставка. Но, во текстот што го рецензираме тоа е претставено како да е факт. Исто така, во текстот лажно се пумпа бројот на направени обдукции на вакцинирани починати, наместо 40 вкупно, се тврди дека се 40 дневно, за да се создаде погрешна перцепција дека е огромен бројот на починати. Во текстот на германски јазик јасно се кажува дека компликациите на тромбови во мозокот се ретки, но во текстот што го рецензираме се претставени како да се вообичаен несакан ефект од вакцината, што не е точно

Рецензираме текст кој иако е објавен на српски јазик, исклучителна виралност доживува меѓу македонската читателска публика, а во него се изнесени контроверзни, неточни и непотврдени информации.

Првата таква дезинформација е во насловот кој гласи:

Германскиот главен патолог дневно врши 40 обдукции на вакцинирани и го предупредува народот!

Но, кога ќе се види оригиналниот напис, од германските медиуми, евидентно е дека патологот Петер Ширмахер (споменат во текстот), не прави 40 обдукции дневно, туку толку направил вкупно.

Според неговата ПРЕТПОСТАВКА, 30 до 40 проценти од луѓето чии тела ги обдуцирал (40 вкупно на број а не 40 дневно како што лажно се тврди во насловот) починале како последица на вакцината. Ова, повторуваме, е негова претпоставка, која беше остро критикувана од медицинската заедница на Германија.

Петер Ширмахер е патолог на Универзитетот во Хајделберг и тој повикува да се вршат што повеќе обдукции на починати вакцинирани лица. За околу 40 луѓе веќе се извршени обдукции (тие починале во рок од две недели откако биле вакцинирани). Според него, зачестеноста на фаталните последици од вакцинацијата е потценета. Ваквата политички експлозивна изјава наиде на критика и несогласување од страна на други медицински стручни лица.

Неразбирливи се изјавите дека во моментов има премалку знаење за несаканите ефекти и дека се потценуваат опасностите од вакцинација, велат од Институтот Пол Ерлих.

Особено за сериозни реакции, кои исто така вклучуваат кога едно лице умира по вакцинација, постои обврска за пријавување според Законот за заштита од инфекција. Нема причина да се претпоставува голем број непријавени компликации од вакцинација, па дури и смртни случаи, нагласува имунологот Кристијан Богдан од Универзитетската болница Ерланген.

Исто така, не може да стане збор за занемарување на можните опасности од вакцините за ковид 19. Особено последните неколку недели и месеци покажаа дека системот за надзор работи добро. Во Германија, на пример, ретката појава на тромбоза на церебрална вена по вакцинација со Астразенека (1-2 случаи на 100.000 вакцини) беше препознаена како компликација, вели Богдан.

Значи, во текстот што го рецензираме, се тврди дека „патологот сакал да открие зошто вакцините предизвикуваат нуспојави како тромбоза на церебралните вени или автоимуни болести“, без да се наведе дека тоа е во сооднос на еден или два случаи на сто илјади вакцинирани!

Понатаму, во текстот се тврди дека:

Ширмахер проценува дека од вакцинацијата починале 30 до 40 отсто од луѓето.

Ваквата формулација е исклучително манипулирање со јавното мислење и претставува лага, затоа што се добива впечаток дека патологот изјавил оти 30 до 40 отсто од луѓето вкупно вакцинирани во светот починале. А тој всушност, тврди дека претпоставува оти 30 до 40 отсто од ЧЕТИРИЕСЕТТЕ ПАЦИЕНТИ ШТО ги обдуцирал, починале како последица на вакцината.

Наспроти лажната информација во текстот што го рецензираме дека „СЗО забраниле обдукции на починати од ковид“ веќе една година, смртните случаи од коронавирусот се обработуваат на универзитетските клиники на југозападна Германија, со цел подобро да се разбере болеста. Германија го поддржува истражувањето со обдукции на „ковид-19“ на универзитетските патологии со околу 1,8 милиони евра, а токму лекарот Ширмахер го предводи проектот за обдукција. „Наодите од повеќе од 200 обдукции досега, меѓу другото, доведоа до подобар третман на заболените од ковид“, вели тој.

Знаењето стекнато овде помага да може подобро и поуспешно да се третираат болните луѓе и да се спасат животи. Ширмахер, член на Националната академија на науките Леополдина од 2012 година, се надева дека финансирањето ќе продолжи и следната година. Иако овој истражувач смета дека бројот на починати од вакцината е повисок од пријавите, мејнстрим научниците во Германија не го делат неговото мислење, како на пример, Комисијата за имунизација и престижниот институт Пол Ерлих. Всушност, да се докаже дека вакцините предизвикуваат смрт е многу тешко.

Тврдење на Ширмахер, како што и самиот вели е негова претпоставка, но во текстот што го рецензираме е претставено како да е факт. Лажно во текстот се пумпа бројот на направени обдукции на вакцинирани, наместо 40 вкупно, се тврди дека се 40 дневно за да се создаде погрешна перцепција дека е огромен бројот на починати. Во текстот на германски јазик јасно се кажува дека компликациите на тромбови во мозокот се ретки, но во текстот што го рецензираме се претставени како да се вообичаен несакан ефект од вакцината, што не е точно.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/btd-logo-1140x640-1-768x183.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/btd-logo-1140x640-1.png 873w" alt="" width="300" height="71" class="size-medium wp-image-106619 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата МетаморфозисТој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани