2win800x200

Бројот на вакцинирани во Југоистокот е поголем – има граѓани кои патуваа и се вакцинираа во Скопје, Штип, Србија и Бугарија

Октомври 19, 2021

Бројот на вакцинирани лица против ковид-19 над 18-годишна возраст нa Југоистокот е далеку поголем од објавените податоци од страна на Институтот за јавно здравје. Вака реагираат менаџерите на дел од здравствените домови одговорни за целиот процес. Спроед нив, во статистичките податоци не се евидентирани по место на живеење лицата кои се вакцинираа во Скопје, Штип, или, пак, во соседна Србија и Бугарија, туку податоците се базирани на бројката на вакцинирани во Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија

Пишува: Ване Трајков

Во општините од Југоистокот тече вакцинацијата против ковид-19 на сите пунктови, кои беа предвидени согласно програмата на Минситерството за здравство. Во Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија процесот на имунизација поинтензивно започна при крајот на април и мај, согласно пристигнувањето на пратките со вакцини. Во Струмица се отвори и регионален вакцинален пункт, додека во останатите градови од овој дел на државата граѓаните се вакцинираат во адаптирани простории за таа намена во јавните здравствени домови.

При последниот пресек на опфатот на вакцинирани лица, Институтот за јавно здравје објави дека во Струмица и регионот вакцинирани се 34,8 отсто од населението над 18 години со една доза, во Радовиш и регионот 37 отсто, во општина Валандово 55,4 отсто, а во пункот во Гевгелија кој ги покрива и општините Богданци и Дорјан 61.5 отсто од населението над 18 годишна возраст.

(Табеларен приказ за опфат на вакцинацијата во земјава заклучно со 26 ти септември)

Од ЈЗУ ,,Здравствен дом” Струмица велат дека бројките на вакцинирани и ревакцинирани не може да се однесуваат на целото население во струмичкиот регион, бидејќи истите се однесуваат на оние кои се вакцинирале само на регионалниот вакцинален пункт. Директорката Љубица Митева вели дека во објавените бројки не се опфатени струмичани кои се вакцинирале во Скопје, Штип, Кавадарци а имало и граѓани кои против ковид-19 се вакцинирале и со бесплатните вакцини од Бугарија, на граничниот премин кај Ново Село, но и во Србија.

Нашиот вакцинален пункт беше отворен нешто подоцна од останатите во државата. Во тој период нашите сограѓани се вакцинираа во Скопје, Штип, Кавадарци, но и во соседна Србија и Бугарија. Според нашите сознанија не е мала бројка. Еве, колку за илустрација медицинскиот персонал од двете здравствени установи од Струмица, па и од други институции кои се од локално ниво или, пак, под државна капа, против ковид-19 се вакцинираа во Скопје и се водат таму. Затоа сметам дека процентот што е даден е само за оние што се вакцинирани на нашиот пункт, а не за сите граѓани од струмичкиот регион, кажа  директорката на ЈЗУ Здравствен Дом Струмица, Љубица Митева.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-strumica-1024x683.jpg 1024w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-strumica-768x512.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-strumica-1536x1024.jpg 1536w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-strumica.jpg 2048w" alt="" width="600" height="400" class="wp-image-107782 b-loaded" style="display: inline-block;" />
(Од процесот на вакцинација во Струмица) Фото: Вистиномер

Регионалниот вакцинален пункт во Струмица, кој се наоѓаше во спортската сала при ООУ ,,Никола Вапцаров”, од 4 окотмври нема да функционира. Тој се затвора, бидејќи одговорните сметаат дека процесот на имунизација без било какви проблеми може да продолжи во просториите на Службата за спортска медицина во кругот на струмичката болница.

Не прекинуваме со процесот на вакцинација, туку го затвораме регионалниот вакцинален пункт.  Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го сторат во одделот за спортска медицина при нашата установа или поконкретно во зградата спроти модуларната болница. Од 4-ти октомври таму продолжува вакцинацијата во Струмица и има доволно вакцини, кажа Митева

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/regioanlen-punkt-vo-strumica-1024x505.jpg 1024w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/regioanlen-punkt-vo-strumica-768x379.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/regioanlen-punkt-vo-strumica-1536x757.jpg 1536w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/regioanlen-punkt-vo-strumica-2048x1010.jpg 2048w" alt="" width="600" height="296" class="wp-image-107788 b-loaded" style="display: inline-block;" />
 (Регионалниот вакцинален пункт во Струмица се затвор – процесот на вакцинација продолжува на одделот за спортска медицина)

Во Здравствениот дом во Радовиш, кој ги покрива општините Радовиш и Конче, според последните податоци на Институот за јавно здравје вакцинирано е 37 отсто од населението над 18 години. Прва доза примиле 9.586 лица, додека втора 8.593 граѓани. Дека бројката е нереална тврди и директорката Лимонка Илиевска, која во изјава за „Вистиномер“ посочи дека на почетокот на имунизацијата кај нив  ја имало само вакцината ,,АстраЗенека”, која, пак, била наменета за старите лица над 60 години. Во тој период голем број радовишани се вакцинирале во Скопје и регионалниот вакцинален пункт во Штип.

Спроведовме и теренска вакцинација. По двапати ги посетивме населените места во општините Радовиш и Конче. Имаше интерес и прилично сме задоволни. Работиме во една смена во просториите на ЈЗУ Здравствен дом. Освен што го спроведуваме процесот на вакцинација, работиме и на едукација на населението за предноста од примени две дози вакцина. Со оглед дека бројките на новозаболени со ковид-19 во радовишко се намалени, опадна и интересот на населението за имунизација, ни објасни Илиевска

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/rad-1024x551.jpg 1024w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/rad-768x413.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/rad-1536x826.jpg 1536w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/rad.jpg 1843w" alt="" width="600" height="323" class="wp-image-107785 b-loaded" style="display: inline-block;" />
(Во Радовиш вакциналниот пункт работи само прва смена)   Фото: Вистиномер

Во општина Валандово заклучно со 26 септември прва доза на вакцина примиле 5.265 граѓани додека ревакцинирани се 4.989 лица. Според ИЈЗ 55,4 отсто од населението повозрасно од 18 години е вакцинирано со прва доза. Како што ни објасни директорот на ЈЗУ „Здравствен Дом“’ во Валандово, Роберт Марков, процентот се должи на контуиниранта едукација на локалното население од потребата за вакцинација, како единствен услов за стекнување колективен имунитет во бробата против ковид-19

Контуинирано работевме на едукација на локалното население во која беа вклучени речиси сите здравствени работници. Ние сме мала средина и преку теренската вакцинација и преку вакциналниот пункт при ЈЗУ Здравствен дом работевме на укажување дека вакцините се безбедни и штитат од поголеми компликации од ковид-19, ни изјави Роберт Марков, директор на ЈЗУ Здравствен дом од Валандово, каде, спроед последните статистички податоци, од почетокот на пандемијата починале 34 лица од компликациите предизвикани од вирусот.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-valandovo-1024x1024.jpg 1024w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-valandovo-150x150.jpg 150w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-valandovo-768x769.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/vakcinacija-valandovo.jpg 1078w" alt="" width="600" height="601" class="wp-image-107791 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Фото: ЈЗУ Здравствен дом Радовиш

Центарот за јавно здравје Гевгелија кој ги покрива и општините Богданци и Дојран е меѓу водечките општини и региони со бројот на вакцинирани лица против ковид-19 во земајва. Таму, со самото отворање на вакциналниот пункт, се зголеми интересот за вакцинација кој трае со месеци. Според објавените податоци на Институтот за јавно здравје, таму до крајот на септември со една доза вакцинирани се 17.173 лица, додека втора доза примиле 16.494 граѓани што е 61,4 отсто од популацијата во овој реон.

Во моментов во Гевгелија се водат 86 активни случаи со ковид-19 а од почетокот на пандемијата се заразиле 2.412 лица. Инаку, во овој реон од компликации предизвикани од вирусот починале досега 77 лица. Таму последниве денови како новозаразени се водат најмногу младите до 19 години, кои не се вакцинирани.

Во моментот, според она што го бележиме на теренот во општина Гевгелија, поради широката трансмисија, најмногу се заразува популацијата од 12 до 19 години, која не е вакцинирана и која нема прележано ковид-19. Вирусот тука наоѓа плодно поле и затоа во последните 14 дена, во подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје Гевгелија, имаме заболени 64 граѓани, ни кажа  епидемиологот Сашко Олумчев, кој уште еднаш упати порака до граѓаните да се вакцинираат.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/gevgelija-1024x533.jpg 1024w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/gevgelija-768x399.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/10/gevgelija.jpg 1338w" alt="" width="600" height="312" class="wp-image-107794 b-loaded" style="display: inline-block;" />
(Гевгелија и регионот е меѓу водечките по бројот на вакцинирани во земајва – редици пред вакциналниот пункт во Гевглија)    Фото: Вистиномер

Од Институтот за јавно здравје велат дека бројките се резултат на добиените податоци од страна на Центрите за јавно здравје и нивните подрачни одделенија во земјава. До нив секој вакцинален пункт е должен да пријави колку лица за одреден временски интервал се вакцинирале, а пријавите се доставуваат во оној центар или одделение каде територијално припаѓа пунктот во кој се врши вакцинација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани