АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во постот што го рецензираме, а којшто е споделен на Фејсбук, преку неправилна интерпретација на два параметри – апсолутен ризик и релативен ризик, лажно се информира за процентот на ефикасност што го имаат вакцините против ковид. Неточните тврдења дека ефикасноста на вакцините „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „Фајзер“е многу мала, од 0.8 проценти до 1.2 проценти, авторот на постот ги атрибуира на „научна студија“ во етаблираното медицинско научно списание „Лансет“.
Вашето вистинско намалување на ризикот да добиете Ковид после вакцина е: 1.2 проценти за вакцината на Модерна, за Џонсон и Џонсон 1.2 проценти и помалку од 1 процент за Фајзер вакцината. Тоа значи, кога ќе примите вакцина, во просек ризикот да добиете ковид е 99 проценти, се тврди во постот.
Овие вакцини се добри интервенции за јавното здравје. Во коментарот ние не тврдиме дека тие не се ефикасни, вели тој.
Што е асолутно, а што релативно намалување на ризикот?
Релативното намалување на ризикот (Relative risk reduction RRR) и апсолутното намалување на ризикот (Absolute risk reduction ARR), како статистички вредности, се калкулираат на различен начин. Тие ги претставуваат ефектите на вакцината на различен начин, но и двете обезбедуваат корисни информации и заеднички даваат поцелосно разбирање на ефектите на вакцината.
Според медицинските експерти во Миден, релативното намалување на ризикот кажува колку од ризикот за инфекција е намален во тестираната група која се вакцинирала, споредено со контролната група која не ја примила вакцината. Релативното намалување на ризикот за ефикасност, пак, ни кажува колку добро вакцината ги заштитила учесниците во клиничкото тестирање од тоа да се разболат.
Ова вообичаено се презентира како ЕФИКАСНОСТ НА ВАКЦИНАТА. За „Фајзер“ ефикасноста од овој вид е 95 проценти, за „Модерна“ 94.1, за „Џонсон и Џонсон“ 66,3 проценти.
Намалувањето на апсолутниот ризик пак (Absolute risk reduction ARR) е аритметичка разлика меѓу процентот на луѓе кои се инфицирале во двете групи на вакцинирани и невакцинирани.
Зошто намалувањето на апсолутниот ризик „секогаш ќе изгледа ниско“?
Да речеме дека во студија учествуваат 20 илјади пациенти во контролната група и 20 илјади пациенти во групата која што навистина ја примила вакцината. Во студијата, хипотетички, 200 луѓе од контролната група (тие што не се вакцинирани) добиваат ковид, а во таа група каде што се вакцинираните има 0 разболени. Иако вакциналната ефикасност во случајот е 100 проценти, намалувањето на апсолутниот ризик ќе биде само 1 процент (200/20,000= 1%). За намалувањето на апсолутниот ризик (Absolute risk reduction ARR) да се зголеми на 20 проценти во нашиот пример, со вакцина која има 100 проценти ефикасност, 4 илјади од 20 илјади луѓе во контролната група би требало да се разболат (4,000/20,000= 20%), објаснуваат проверувачите на факти на „Ројтерс“.
Поради тоа што ARR е многу низок број, се добива лажно чувство дека другиот број RRR е невистинит, но тоа не е точно. И двете вредности се однесуваат на аспекти на реалноста, само што ги мерат на различен начин. Вакциналната ефикасност, изразена како RRR, значи дека вакцината ќе го намали ризикот на инфекција за одреден процент без разлика на околностите на трансмисија. Тоа е позначајно, вели Натали Е.Дин, професорка по биостатистика на Универзитетот во Флорида за „Ројтерс“.
Оттука, оценуваме дека е невистинито тврдењето во постот оти ефикасноста на вакцините е само околу 1 процент зависно од производителот и дека шансите да заболите од ковид ако сте вакцинирани се 99 проценти. Релативното и апсолутното намалување на ризикот се два параметри кои се калкулираат на различен начин. Во поглед на тоа како вакцината ја афектира популацијата, овие две мерки се комплементарни (значи се надополнуваат), а не контрадикторни (значи не се спротивставени една на друга).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар