АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средната оценка 3 на скалата од 1 до 5, може да се придвижи кон 2, доколку продолжи стагнацијата во реформскиот процес во медиумскиот сектор. Вака парафразирано се изрази еден од учесниците во дебатата во која се разговараше за сите сегменти важни за работењето на медиумите во РСМ, на која учествуваа претставници на национални и регионални медиуми (МРТ, МИА, ТВ ВИС, Порталб, МЕТА, Вистиномер…), претставници на Агенцијата за медиуми АВМУ, на новинарските здруженија ЗНМ, ССНМ, СЕММ и на МИМ, на граѓанските организации „Метаморфозис“ и ЦРМ и други.
Дебатата што се одржа онлајн беше организирана по повод презентацијата на Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема.
Учесниците во дебатата ги потврдија наодите на Извештајот и расправаа за поважните сегменти: безбедноста на новинарите, употребата на јавни пари во приватни медиуми преку два сегмента – платеното политичко рекламирање и неисполнувањето во целост на законската обврска за финансирање на радиодифузниот сектор во целина, при што се погодени сите корисници на тие пари МРТ, АВМУ и МРД, недоволната поддршка на новинската агенција МИА, за саморегулацијата како процес, кој заедно со Регистерот на онлајн медиуми го води Советот за етика на медиумите во Македонија (и ЗНМ), како и за прашањето дали на државата ѝ треба национална стратегија за развој на медиумскиот пазар или пак е доволна Стратегијата за радиодифузниот пазар што ја има и е обврска на регулаторот АВМУ.
Неколку клучни точки беа потенцирани од речиси сите учесници во дебатата:
Извештајот и дебатата беа дел од активностите на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година.
Целата дебата може да се погледне ТУКА:
Извештајот за реформите во медиумскиот сектор може да се погледне ТУКА
Теофил Блажевски
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" data-src="https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-300x70.png" data-srcset="https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-300x70.png 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар