2win800x200

Не е точно дека пратеничка во Австрија фалсификувала вакцинација

Ноември 30, 2021

Пратеничката  Ева Марија Химелбауер на партијата ÖVP објасни што, всушност, се случило дента кога е снимена како ја става лепенката од серискиот број на вакцината во жолтиот картон за имунизација. Химелбауер е бремена и дента кога е снимена, всушност, примила вакцина против грип. „Секако, одговорната докторка оваа моја вакцинација против грип ја внесе во електронскиот сертификат за вакцинација. Дополнително, бидејќи го немав со себе мојот жолт сертификат за вакцинација, ми го даде празниот сад за вакцина, со серискиот број кој требаше да се залепи, што потоа самата го направив“, изјави Химелбауер

Пост споделен на социјалната мрежа Фејсбук вели:

Австриски пратеник – Вака се вакцинираат политичарите во Австрија

Во постот е споделено видео на кое се гледа пратеничката Ева Марија Химелбауер, како од својата ташна, за време на седница на која се дискутира за мерки и локдаун, вади празно кутивче од вакцина и го лепи серискиот број на вакцината во жолтиот пасош за имунизација.

Од коментарите на постот, евидентно е дека корисниците на социјалната мрежа од ова видео добиле впечаток дека Химелбауер фалсификува вакцинален сертификат. Истата дезинформација ги преплави и австриските медиуми, како и социјалните мрежи во Австрија, со оглед на тоа што станува збор за специфичен и чувствителен период каде во оваа земја (Австрија) се воведуваат строги мерки за локдаун на невакцинираните, што предизвикува голем револт кај граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат и покрај тоа што коронавирусот беснее во Европа.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/screen-shot-2021-11-21-at-22.38.09-300x163.png 300w" alt="" width="562" height="306" class="aligncenter wp-image-111656 size-full b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; clear: both; max-width: 100%; height: auto; display: block; margin: 15px auto 25px;" />

Пратеничката на партијата ÖVP објасни што, всушност, се случило дента кога е снимена како ја става лепенката од серискиот број на вакцината во жолтиот картон за имунизација. Таа им се спротистави на лажните вести. За време на говорот на нејзината колешка Елизабет Шеучер Пихлер на 18 ноември 2021 година, кој може да се види на ова видео од 3 минута и 45 секунда, се гледа како пратеничката Химелбауер од празно кутивче во кое порано имало вакцина, вади налепница, со серискиот број на вакцината и ја додава налепницата во својот пасош за имунизација. Во жолтиот пасош, како што може да се види, веќе има друга налепница (таа е од вакцината против ковид што пратеничката претходно ја примила).

Химелбауер е бремена и дента кога е снимена, всушност, примила вакцина против грип, бидејќи вакцината против грип се препорачува на бремени жени за да ги заштити нив и плодот од несакани компликации од грип кои кај бремените жени може да бидат сериозни.

Секако, одговорната докторка оваа моја вакцинација против грип ја внесе во електронскиот сертификат за вакцинација. Дополнително, бидејќи го немав со себе мојот жолт сертификат за вакцинација, ми го даде празниот сад за вакцина, со серискиот број кој требаше да се залепи, што потоа самата го направив, изјави Химелбауер

Притоа додаде дека и вакцината против грип и вакцината против ковид 19 сериозно го намалуваат ризикот да се разболат и мајката и бебето.

Дека бремените жени треба да се вакцинираат против ковид-19, сега е докажано. Бременоста е посебно време за секоја жена, кога треба да се мисли не само на себе, туку и на нероденото дете и јас би сакала да се заштитам и да го минимизирам ризикот од предвремено раѓање, дополни таа.

Пратеничката исто така посочи дека 75 проценти од пациентите во Австрија со ковид-19, кои што се во одделенијата за интензивна нега, не биле вакцинирани.

Итно им препорачувам на сите кои шират лажни вести и погрешни толкувања на социјалните мрежи, претходно да размислат за оваа деликатна тема. Ова е за здравјето и има врвен приоритет. Во еден ден имавме 14.416 нови инфекции, повеќе од било кога од почетокот на пандемијата. Затоа вакцинацијата е поважна од било кога, апелираше Химелбауер.

Со оглед на тоа што пратеничката е вакцинирана, а лепењето на серискиот број во вакцинален сертификат не е доказ за фалсификат на вакцинација, постот го оценуваме како пост во кој е испуштен контекстот. Видеото е веродостојно, меѓутоа со испуштање на клучните факти во информирањето, како на пример тоа дека вакцинацијата против грип е внесена електронски од страна на лекарот што ја вакцинирал Химелбауер, се создава лажна слика и се пренесува погрешна информација, дека има нешто сомнително во вакцинацијата на политичарката.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани