2win800x200

Антиваксерите ја злоупотребуваат здравствената состојба на Селин Дион како оружје против вакцинацијата

Декември 10, 2021

Сите официјални извори укажуваат на тоа дека Селин Дион има проблеми со мускулите, а ниту еден дека тоа е последица на вакцината против ковид-19, како што се тврди во објавата

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека пејачката Селин Дион, наводно била парализирана по примањето на вакцина против ковид 19.

Дион мораше да го откаже својот концерт во Лас Вегас, зашто не се чувствува добро. Има проблем да настапува на сцена, поради медицински причини, споменати на нејзиниот вебсајт, односно мускулни грчеви (спазми). Но, во меѓувреме, на социјалните мрежи се прошири дезинформацијата дека таа била сериозно повредена по примањето на вакцина против ковид-19 и не е во можност да настапува. Но, Селин Дион на ниеден начин нема пријавено дека страда од несакани ефекти од вакцинација против ковид (точно е дека е вакцинирана), ниту пак од повреда по вакцината.

Селин Дион на Твитер објави дека мора да го откаже настапот во Лас Вегас, поради непредвидливи медицински причини.

Дион е вакцинирана, но после вакцината не се има соочено со никакви несакани ефекти. На страницата на пејачката, споменато е дека причината поради која не може да настапува е поради мускулни спазми,  а не вакцина. Во соопштението е наведено:

Селин се соочува со сериозни и постојани мускулни спазми кои ја спречуваат да настапува. Нејзиниот медицински тим продолжува со третманот. Симптомите, сепак, ја спречуваат да учествува во пробите за настапот за нејзиниот концерт.

Дури и сестрата на Селин, сподели дека откажувањето на концертот во Лас Вегас е поради тоа што има проблеми со мускулите, имајќи ја предвид и сцената каде што требала да настапува.

Ми кажа дека сцената е нагорна, стрмна, дека тоа би предизвикало проблеми со нејзините мускули, нозе, стапала, рече сестрата на Дион.

Откажани се сите настапи, односно концерти на пејачката од 5 ноември 2021 до 5 февруари 2022, но уште се закажани 19 концертни настапи во Северна Америка за март и април 2022 година и има повеќе закажани концерти за 2023 година.

И странски проверувачи на факти, веќе имаат оценето дека не е вистина оти Селин Дион страда од несакани ефекти по вакцинација, туку дека медицинските причини се мускулни грчеви.

Со оглед на сите овие информации, оценуваме дека постот кој го рецензираме е невистинит.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани