2win800x200

Во Австралија судиите не се ослободени од вакцинација

Јануари 19, 2022

Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа што во Австралија се сака да се обезбеди поделба на власта и немешање во извршната во судската власт

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се вели дека во Австралија, поточно во Викторија, Мелбурн – судиите се ослободени од вакцинација.

Толку од мерките, принципите и ,,опасниот вирус”. Случајот со НОВАКс е уште еден доказ дека се работи за агенда а не за здравство, закони и принципи, вели авторот на постот.

 

Дали навистина судиите во Викторија се ослободени од вакцинација?

Владата на Викторија има донесено пакет мерки за зачувување на јавното здравје во време на пандемија. Дел од нив се однесуваат и на вакцинацијата против ковид-19, а станува збор за точни и прецизни упатства како да се спроведува вакцинацијата кои се објавени во документ на следниот линк.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/screen-shot-2022-01-13-at-22.48.06.png 634w" alt="" width="500" height="474" class="aligncenter wp-image-116511 b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />

Во овие упатства од владата на Викторија се наведува дека работодавачите не треба да им дозволат на работниците да работат надвор од дома освен ако не се целосно вакцинирани или исклучок. Исклучок се меѓу другото и вработените во судовите. Но, причината поради којашто владата не ги наведува како задолжителни вакцинациите за судии не е во тоа што судиите се некако „привилегирани“, туку за да се заштити принципот на поделба на власта на извршна, законодавна и судска без да се мешаат една во друга. Ваквата наредба за целосна вакцинација, воопшто не значи дека судиите во Викторија одбиваат да се вакцинираат, или пак, дека се на некој начин привилегирани.

Како можеме да го видиме тоа?

На официјалната страница на Врховниот суд на Викторија на 8 октомври е објавено соопштение во кое се вели дека судовите со своја интерна одлука ќе прифаќаат само вакцинирани судии да бидат присутни во живо на рочиштата. Во соопштението се вели дека иако официјално судиите не спаѓаат во групата работници за кои важи задолжителната вакцинација, сепак тие самоиницијативно се вакцинирани во висок процент, така што со интерна уредба и за вработените во судот ќе важи истото правило како и за другите категории работници во Австралија (Викторија).

Оваа порака е од Ан Фергусон, претседател на Врховниот суд на Викторија и претседател на судските совети во име на судовите во Викторија. Владината директива за вакцинација на авторизирани работници не се однесува на вработените во судот. Но, внатрешните проверки веќе покажаа дека во судовите има исклучително висока стапка на вакцинација. Судските совети во Викторија, како работодвач на судскиот персонал, разгледува мерки кои ќе бараат од вработените кои се појавуваат на судења во живо да бидат вакцинирани на ист начин, како што се бара и од другите вработени во Викторија. Од практични причини и судовите ќе бидат во иста позиција како и другите служби што обезбедуваат јавни услуги во Викторија.

Секоја јурисдикција ќе продолжи да го минимизира бројот на луѓе што физички присуствуваат во нашите простории. Судовите ги охрабруваат сите што доаѓаат во нашите простории да бидат целосно вакцинирани. Во судовите исто така се спроведуваат важечки здравствени мерки и тие вклучуваат скрининг при влез во суд за тие со симптоми, проверка на кју ар кодот од вакциналниот пасош, физичко растојание, носење маски, употреба на дезинфициенс, што помалку да се допираат предметите, се вели во соопштението. 

Во Нов Јужен Велс пак, во Врховниот суд вакцинирани биле 70 проценти од судиите и тоа на 30 септември 2021 година!

На следниот линк може да ги погледнете деталните и обемни правила за сите учесници во судската власт, како и за адвокатите, тужените и тужителите, за тоа како да се одвиваат судските процеси во Австралија. Од правилата и протоколите произлегува дека цел судски персонал којшто е присутен во живо во судовите на судењата, мора да е целосно вакциниран. Судот принципиелно се поставува исто како и другите гранки на власта во Австралија.

Од овие факти произлегува дека судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа што во Австралија се сака да се обезбеди поделба на власта и немешање во извршната во судската власт. Оттаму, оценуваме дека постот што го рецензираме  е со пропуштен контекст.

 
 
 
 
 
 
 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани