АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Билал Касами во изјава за периодот во кој паркирањето беше бесплатно за време на неговиот мандат,даде изјава во кои има извртување на вистината.
Спин 1: Краток период додека успеавме да го реструктуираме претпријатието во Тетово, околу два месеци по моето доаѓање, имаше бесплатен паркинг, но за жал тоа создаде уште повеќе проблеми во сообраќајот отколку во ситуацијата каде што сме сега и се обидуваме да го регулираме сообраќајниот режим, но и да ги прошириме со дополнителни паркинзи за граѓаните.
[Извор: Газета Лајм / Фејсбук- Билал Касами (од 11.15-11.36) – Датум: 09.01.2022]
Спин 2: Јавноста е информирана дека паркингот во Тетово беше бесплатен околу два месеци но тоа создаде дополнителна загриженост кај граѓаните и го зголеми сообраќајниот хаос бидејќи немавме институционален капацитет да го регулираме сообраќајот, односно од моментот кога ние немаме одговорност да наплаќаме паркинг, целата одговорност преминува на Министерството за внатрешни работи. Затоа треба да се уреди прашањето за паркирањето во Тетово.
[Извор: Порталб / Фејсбук- Билал Касами (од 10.50-11.32) – Датум: 11.01.2022]
Контраспин: Она што се забележува во овие изјави на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, е неточноста во однос на периодот во кој паркирањето било бесплатно за време на неговиот мандат, кој започна на 4 ноември 2021 година. Изјавите на Касами дека паркирањето два месеци беше бесплатно се невистинити, бидејќи фактите кажуваат различно. Тој вели дека бесплатниот паркинг траел околу два месеци, но бесплатниот паркинг траеше од 16 ноември до 1 декември, што е две недели, или поточно петнаесет дена.
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/kontraspin-foto-vistinomer-1024x281-e1500652724996-1-300x82.jpg 300w" alt="" width="650" height="178" class="aligncenter size-full wp-image-116544 b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />
Касами првично најави дека паркингот ќе биде бесплатен за време на прес-конференцијата кога го презентираше планот за работа за првите 100 работни дена, а две недели подоцна од Општината најавија дека паркингот ќе биде вратен со наплата од декември. Заклучуваме дека тоа не е технички пропуст на Касами, бидејќи истата изјава ја повтори двапати, првиот пат на 9-ти јануари, а вториот пат на 11-ти јануари.
Оваа изјава има тенденција во јавноста да создаде впечаток дека паркирањето подолго време било бесплатно и дека општината и нејзиниот градоначалник придонеле за тоа не само две недели, туку и два месеци во исполнувањето на ветувањето.
Следните изјави на Општината го потврдуваат точното времетраење на бесплатниот паркинг.
Ја информираме јавноста дека по неколку неделен бесплатен паркинг во Тетово, на 01.12.2021 година повторно ќе започне функционирањето на платениот паркинг. Неколку неделното пролонгирање на плаќањето се должи на откривање на проблеми што ги има оваа претпријатие, а според нашите инспекции откривме многу неправилности кои се веќе решени. [Извор: Portalb / Facebook Live Video- Билал Касами, од 2.23-2.39) – Датум: 16.11.2021]
Уште едно соопштение на Општина Тетово од Фејсбук профилот на оваа локална самоуправа, неколку дена подоцна, го потврдува истото.
Инаку, Билал Касами, пред да дојде на чело на Тетово, вети дека паркирањето ќе биде бесплатно додека не се создадат доволно паркинг места за сите граѓани. Ова ветување на Касами се исполни само околу две недели, кога паркингот беше бесплатен, но сепак беше вратен на претходниот режим на работа. Паркинзите не само што не останаа бесплатни сè додека не се реши проблемот, туку беше одлучено и нивната цена да се зголеми, одлука која стапи во сила од вчера.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар