2win800x200

Општинската зграда во Бутел не е пренаменета во поликлиника

Февруари 08, 2022

ВЕТУВАЊЕ: Врвен приоритет ќе ни биде изградба на нова модерна поликлиника во нашата општина. Но сè дотогаш, додека не се изгради новата поликлиника, уште во првиот месец откако ќе ја добијам вашата доверба и станам градоначалник на општина Бутел, ќе ја понудам општинската зграда да биде достојна  поликлиника за моите пријатели, познаници, за моите бутелчани. Јас лично и мојот тим ќе се откажеме од комодитетот само за да излажаните и понижени граѓани на општина Бутел се почувствуваат достоинствено и конечно добијат нова модерна зграда за своја поликлиника. Место каде конечно на современ модерен начин ќе се грижат за своето но и за здравјето на своите најмили. Не ми треба нова општинска зграда кога граѓаните нема каде да се грижат за најважното, за своето здравје. Општинската администрација ќе се префрли на некое поскромно место. Имаме во план неколку солуции но уште не сме донеле одлука.

[Извор: Изјава на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел (од 01:00 до 2:25 на видеото); Датум: 28.09.2021 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: 

Кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски во текот на изборната кампања – на 28 септември 2021 година, во изјава за медиумите вети дека доколку биде избран за градоначалник, во првиот месец од мандатот ќе ја отстапи општинската зграда за таа да биде пренаменета во поликлиника.  Костовски тогаш рече дека во недостиг на таква медицинска јавноздравствена установа во Општината, вработените во Општината ќе се преселат на нова поскромна локација, а општинската зграда ќе служи како поликлиника.

По спроведените локални избори, Костовски на 25 октомври 2021 година ја презема градоначалничката функција во Општина Бутел. Но,  до денеска (03.02.2022) општинската зграда во Бутел ја има вообичаената административна функција и во неа нема лоцирано поликлиника.

За тоа дека општинската зграда не е пренаменета во поликлиника деновиве (31.01.2022) реагираше и советникот во Општина Бутел, Мартин Бошковиќ:

Денес, по три месеци од мандатот, Бутел нема нова поликлиника, а градоначалникот Костовски не ја отстапи општинската зграда и најави дека воопшто нема намера да го стори тоа. Ова е неодговорно и нечесно однесување кон граѓаните на општина Бутел од страна на Костовски
 
 

Од друга страна, во врска со најавата на Костовски општинската зграда да биде пренаменета во здравствена установа,  од Министерството за здравство за „А1 ОН“  објасниле  дека градоначалникот на Бутел воопшто нема законска можност да одлучува каде ќе биде сместена поликлиниката:

Здравствениот систем во Република Северна Македонија е централизиран, услугите и финансирањето се организирани и контролирани од централната власт. Здравствените установи ги формира владата а МЗ утврдува кои простории се најсоодветни за јавни здравствени установи. Министеротвото за здравство го одбира просторот, утврфува исполнетост на услови, согласно стандардите утврдени со Законот за зравствена заштита и правилник.

Инаку, жителите на Бутел требаше да добијат амбуланта во монтажен објект, но градежните активности не се завршени. Претходната поликлиника во Бутел која сервисираше над 36 илјади граѓани кои живеат и работат во општината, беше сместена во бараки изградени пред земјотресот, меѓутоа тие беа урнати за на тоа место да се гради нов објект кој ќе биде монтажен контејнер. Контејнерите се веќе поставени, ама не се финализирани и пуштени во употреба.

Па имајќи го предвид сето ова, вклучително и фактот што до датумот на оценување на ова ветување (03.02.2022 г.) општинската зграда во Бутел функционира како административна, општинските служби не се дислоциранина на некоја друга локација, а објектот не е пренаменет во амбуланта,  ветувањето на  градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, дека ќе ја отстапи општинската зграда за да биде поликлиника, го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ: 

Оцени: Мирослава Бурнс


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани