2win800x200

Полошките општини започнаа да го носат комуналниот смет во депонијата Русино

Февруари 09, 2022

Ветување – Оптимални услови веќе се создадени за депонирање на отпад во Русино. Имаше административни проблеми во делот на општините, кои треба да платат побарувања кон претпријатието. Ние најдовме законска можност иако имаме блокирана сметка да ја платиме обврската. Се надеваме дека за една недела ќе почнеме да депонираме отпад. Околу 100 000 евра се дадени од општините за да функционира депонијата, изјави Касами на завршниот брифинг со новинарите за состојбите во Општина Тетово

[Извор: Тетово Инфо; Датум: 29.12.2021]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

На 29.12.2021 година градоначаликот на Општина Тетово, Биљал Касами, кој воедно е и нов претседателот на Советот за развој на Полошкиот плански регион, на прес-конференција најави дека полошките општини за една недела ќе започнат да носат комунален смет во регионалната депонија Русино. Кон крајот на минатиот месец општините од овој регион почнаа да го носат отпадот во оваа депонија, па ова ветување на Касами го оценуваме како исполнето, иако тоа е направено со мало задоцнување.

Од Центарот за развој на Полошки плански регион (ЦРППР)  за „Вистиномер“ соопштија дека на 27 јануари годинава веќе донеле одлука за отпочнување со работа на депонијата Русино, дека  брзите мерки за намалување на штетните влијанија врз животната средина предизвикани од неконтролираното депонирање во Русино се веќе имплементирани, што беше услов депонијата да профункционира, а полошките општини да започнат таму го носат сметот.

Брзите мерки за санација подразбираат изградба на ровови и насипи, поставување на систем за рециркулација на исцедокот (пумпи, бунари и придружна опрема), како и поставување на колска вага која ќе го мери количеството на депониран смет. Со вагата ќе се управува од административна канцеларија во која има инсталирано техничка опрема со соодветен софтвер за евиденција на количеството на отпад. Сето ова погоре наведено е имплементирано.

Општините започнаа да депонираат смет, за сите општини од полошко рампата е отворена. Но, не сите ги платиле фиксните трошоци кон Јавното претпријатие „Русино Полог“ кое управува со депонијата. Рокот за плаќање на тие фиксни трошоци ќе биде до 11  февруари. По истекот на рокот за тие што нема да платат се затвара рампата на депонијата, а откако ќе го подмират долгот ќе можат да продолжат депонираат и тие, соопштија за „Вистиномер“ од Центарот за развој на Полошки плански регион.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, исто така, ни потврдија дека започнале да го носат комуналниот смет во Русино.

Сметот собран на дневна основа од тетовските домаќинства започнавме да го носиме во Русино. Процесот малку се оддолжи поради административна и техничка природа, но најважно е што конечно започнавме таму да го депонираме сметот, со што значително ќе ни се намалат трошоците. Досега го носевме сметот во скопската депонија Дрисла и за еден тон смет депониран таму плаќавме околу 10 евра. Сега тука во Русино за еден тон плаќаме две и пол евра,  а исто така ќе ни се намалат и трошоците за транспорт,  ни рекоа од Јавното Комунално претпријатие Тетово.

Минимум условите се исполнети, но останува уште работа. Од Центарот за развој на Полошки плански регион велат дека преостанува втората фаза од проектот кој ќе треба да се реализира со средства од Европската банка за обнова и развој. Предвидено е да се изврши модернизација и стандардизација на Русино, но и на целиот систем вклучително и комуналните претпријатија, како и изградба на претоварни станици. Од ЦРППР истакнуваат дека  паралелно со работата во Русино, треба да се изнајде и нова локација за регионална депонија.

Инаку поради проблемите со депонијата Русино која подолг период не исполнуваше минимум услови за работа, граѓани од гостиварско на чело со невладината „СТОП Русино“ на 2 август 2020 година организираа блокади на патот кој води кон Русино. Тие не дозволуваа општините од полошко да го носат сметот, барајќи брзи мерки за санација на депонијата.

Со оглед на тоа што депонијата има исполнето минимум услови за работа, а општините од полошко веќе започнаа да го носат сметот, ветувањето на градоначалникот Касами, дадено на 29.12.2021 дека полошките општини ќе започнат да носат комунален смет во Русино за една недела, го оценуваме како исполнето,  со забелешка дека тоа е направено со задоцнување од дваесетина дена.

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Зоран Димовски


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани