АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Ана Анастасовска
На 13.02.2022 година, во попладневните часови, речиси цело Скопје остана без струја. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по тој повод реагираа преку соопштение, обвинувајќи ја власта дека намерно снемало струја додека партискиот лидер Христијан Мицкоски давал отчет.
Спин: Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија. Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор. Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
[Извор: Официјална веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ; Датум: 13.02.2022]
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/kontraspin-foto-vistinomer-1024x281-e1500652724996-1-1-300x82.jpg 300w" alt="" width="650" height="178" class="aligncenter wp-image-119897 size-full b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; clear: both; max-width: 100%; height: auto; display: block; margin: 15px auto 25px;" />
Контраспин: Во обвинувањето кое дојде од ВМРО-ДПМНЕ дека власта на СДСМ и ДУИ намерно направила да снема струја во моментот кога Мицкоски давал отчет, се препознава спин. Причината за тоа што речиси цело Скопје во неделата попладне (13.02.2022) потона во мрак, како што соопштија надлежните, е пожар околу трафостаницата на МЕПСО во Пинтија.
Од МЕПСО соопштија дека причина за прекин на струјата на територијата на речиси цело Скопје, делови од Велес и некои населени места во Овче Поле бил испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица.
Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, изјавија од МЕПСО.
Од компанијата додадоа дека диспечерите на АД МЕПСО во најбрз можен рок воспоставиле напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија.
Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување, информираа од МЕПСО.
Со слични информации дента излегоа и од ЕВН.
Немаме информација целосна, единствено дека има експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО. Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН, информираа од компанијата.
Оттука, соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека власта намерно ја исклучила струјата во објектот на Филхармонија додека Мицкоски давал отчет, а со цел да го замолчи, во најмала рака делува смешно. На 13 февруари попладнето снема струја не само во објектот на Филхармонија, туку речиси во цело Скопје, но и во делови од Велес и во некои населени места во Овче Поле. Ова се случи поради испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, а тоа го потврдија од МЕПСО и од ЕВН. Така што, обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ декапрекинот на струјата бил во режија на власта, е спинување на вистината и провиден обид за собирање на ситни политички поени.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар