
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Инцидент, за среќа, без последици се случи во Модуларната болница во Прилеп, каде обезбедувањето на овој објект забележа дека таблата за електрична енергија е физички оштетена и насилно отвроена, по што случајот е пријавен во полиција и извршен е увид на местото. Но, опремата во модуларната болница не останала без напојувaње, затоа што не се снабдува со струја од оваа табла, па животот на пациентите не е загрозен. Од прилепската болница не сакаа да го коментираат случајот, а директорката Кети Смиелвска, вели дека не се знае кога се случил овој вандалски чин, но го откриле вчера кога вратата од таблата случајно се отворила од силниот ветер.
Големото „ривалство“ меѓу Битола и Прилеп трае со векови како два соседни града на оддалеченост од само 50-тина километри. Ама, за среќа, ривалството беше избришано од животот со корона вирусот. Битолчани овој пат се откажаа од „натпреварот“ со прилепчани и сочувствуваа со ситуацијата во соседниот град, па на крај памет не им падна да продолжат со традиционалните мајтапи, особено не на оваа тема.
Познато е дека Битола и Прилеп се ривали од памтивек, а сега некој се обидува да им продава прилепски фори на битолчани. Во продавница за облека во центарот на градот, чиј сопстевник е прилепчанец, на излогот се залепени натписи за попуст, каде со познатото прилепско “ЧЕ“, трговците се обидуваат да привлечат повеќе муштерии.
