
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 13.02.2026 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено.
Вчера во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот Битола, како и полициски службеници од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение - Велушина, во село Бистрица , битолско, го лишиле од слобода лицето Г.П.(44) од село Бистрица.
„Тој, на 29 јануари на улица ,,Васко Карангелевски“ во Битола со возило удрил во пешакот С.В.(56) од Битола, по што побегнал од местото. Следниот ден во Клиничката болница Битола, С.В. им подлегнал на повредите. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
67 годишна битолчанка вечерва го загуби животот од удар на автомобил кај населбата Боримечка во Битола.
Сообраќајната незгода се случила во 19,30 часот, кога патничко моторно возило „Мерцедес“ со грчки регистарски ознаки управуван од грчки државјанин удри во пешак на улицата „Македонски Гемиџии“ кај населбата Боримечка во Битола.
Смртта ја констатирала екипа на Брзата помош, а на лице место излезе јавен обвинител и увидна екипа од битолската полиција.
