2win800x200

Маж и жена попладнево се пронајдени починати во стан во Битола.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител изврши увид во  стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место, стои во соопштението.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани