2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 

 
41 пешак е казнет денеска при контролата на полициските службеници од СВР Битола спроведена од 11 до 16 часот за откривање на прекршоци кои ги чинат пешаците. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
 

 

Секторот за внатрешни работи Битола  денеска (07.02.2022) во времето од 08.00-12.00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Притоа санкционирани се 18 возачи.  

Вчера во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот Битола, како и полициски службеници од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение - Велушина, во село Бистрица , битолско, го лишиле од слобода лицето Г.П.(44) од село Бистрица.

„Тој, на 29 јануари на улица ,,Васко Карангелевски“ во Битола со возило удрил во пешакот С.В.(56) од Битола, по што побегнал од местото. Следниот ден во Клиничката болница Битола, С.В. им подлегнал на повредите. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. 

67 годишна битолчанка вечерва го загуби животот од удар на автомобил  кај населбата Боримечка во Битола.

Сообраќајната незгода се случила  во 19,30 часот, кога   патничко моторно возило „Мерцедес“ со грчки регистарски ознаки управуван од грчки државјанин удри во пешак на улицата „Македонски Гемиџии“ кај населбата Боримечка во Битола.

Смртта ја констатирала екипа на Брзата помош, а на лице место излезе јавен обвинител и увидна екипа од битолската полиција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани