Webp.net gifmaker

СВР Битола поднесе кривична пријава против 42 годишен прилепчанец Ј.Ф. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Малку за карантинот и за сите вас кои "Не сте против луѓето, ама оти баш во центраот на Битола "
1. Слика бр.1, вака изгледа вообичаен оброк.Се доставува пред врата,приборот е пластичен за еднократна употреба
2. Слика бр.2, средства за дезинфекција,вреќи за ѓубре и сл. Оставени во собите, со цел гостите самостојно да ја одржуваат хигиената во истите.
3.На секој спрат има полиција која стриктно нагласува дека никој не смее да мрдни од соба (во спротивно ќе има ригорозни казни)
Малку упростено...Секој онај кој е во карантин во тие 14 дена ќе нема апсолутно никаков контакт со надворешниот свет....Ни роднини,ни кувари,ни чистачки,ни дилери во казиното ?

Уште малку доупростено за сите "стручни лица". Многу побрзо ќе се заразите од некој при чекањето ред на 20цм пред банка,маркет,на пазар и сл. од колку од овие кои ве "загрозија и ви го окупираа светиот бастион во срцето на градот". Ќе се заразите и од оние кои ќе ја кријат болеста од страв и срам од јавната осуда,наместо да се поддржат истите и да знаат дека кој и да заболи треба да добие поддршка и помош....Дај боже никој да не заболи,но тоа не е можно.храна 2

п.с. Во тој хотел,а веројатно и во Молика,единствените 2 во Битола кои исполнуваа услови и се пријавија да сместат повратници(се пишува повратници,а не заболени како што стручно веднаш ги оценивте) има по некој ваш комшија,школски другар,познаник. Фино би било да им однесете по некоја вода,овошје или витамини. Оставете на рецепција,полицијата ќе им ги достави во собите.Гарантирам дека живи ќе излезите од таму,без последици. Себичност,неинформираност,шпекулации....Тоа е полошо и побрзо убива од Короната

Горан Пинза

Делегација од Општина Битола, предводена од заменик градоначалничката Емилија Костурски, во која учествуваа и советничката Ристенка Алтипармаковска и раководителот на одделението за комунални дејности Маријана Спасевска, заедно со ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во придружба на професорот по историја Иле Трајковски и директорката Фани Наумовска, престојуваа во неколку дневна посета на збратимениот град Епинал во Франција.

Француското и македонското знаме деновиве се веат едно крај друго во градот Епинал, семестен во областа Лорена, кој важи за еден од најцветните и комунално најуредени градови во Франција. Епинал деновиве го слави својот заштитник Свети Никола, а заедно со делегацијата од Општина Битола беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града.

Дрво на пријателство засадија денеска градоначалниците на двата збратимени града Епинал и Битола, Мишел Хајрниш и Наташа Петровска, во малиот парк  наспроти стаклената зграда во центарот на Битола, каде што се наоѓа макетата на квартот Битола во францускиот град Епинал.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани