Аларм - ги губиме децата! (Став на Марина Коруновска, професор во Државното музичко училиште)

Октомври 04, 2022

 

 

Системот пука од сите страни ! Не е одржлив повеќе ! Учебниците ги менуваат кој како ќе дојде на власт.  Во тие министерствата има некој што може да  каже колку може да издржи активност детскиот мозок?!
 
Ве молам, не ги притискајте децата во овој луд свет кој им го наметнавме, да учат небулози и да се во депресии, стравови, анксиозности.  поради што нивниот кревок мозок и срце не го издржуваат тоа!
 
Нафрлани информации без смисла, логика и здрав разум!
 
Свесни сме дека ги губиме децата секој изминат ден?!?! 
 
17 години ги следам...од 3 до 18 год....Знаете што? Страшно е!!! Па зарем петките се поважни од психичкото здравје, а после тоа и физичкото( затоа што 90% од болестите се психосоматски)  на нашите најмили !!! 
 
Очите им се празни, тешко е да се насмеат, не се наспани, не се наиграни...
 
Сите психолози алармираат....Зарем ги родивме за да се робови!? 
 
 
Ги вежбаме лажно да се смејат, лажно да се сликааат, да веруваат во лажни вредности...  Ние, да, ние возрасните носиме одговорност за секоја болка и страдање на секое дете ! 
 
180 часа на училиште и уште 180 на приватни часови...АРНИ СМЕ!? Па ние 8 часа работно време тешко издржуваме и само кукаме...
 
ГИ ГУБИМЕ ДЕЦАТА!!! Не во странство, туку ни венеат пред нашите сопствени очи!!! 
Дали има нешто поболно на светов од тажни детски очи?! 
 
ЏАБЕ НИ Е СЕ, ПОТФРЛИВМЕ СИТЕ ЗАЕДНО !!! 
МИ Е СРАМ ОД ПОГЛЕДОТ НА СЕКОЕ УМОРЕНО, ТАЖНО, БОЛНО И НЕСРЕЌНО ДЕТЕ!!!
 
 
(Став на Марина Коруновска, професор во Државното музичко училиште)
 
 
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите) 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани