АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Став на м-р професор Даниела Петровска
Постмодерното општество ги неутрализира разликите помеѓу половите и ја вклучува жената во поредокот. Се поставува прашање дали тоа се случува поради идеолошкиот проект за хомологизација на половите и за да се раскаже дека жената не може да биде постојано „вториот пол“ или поради отпорот кон патријархалната когнитивна рамка што се труди сè повеќе да ја маргинализира жената во воспоставувањето повеќе „права за жените“, што во крајна мера е создавање нови стереотипи. Во судирот на опозицијата: постмодерна идеологија и патријархална матрица, енигма е дали жената го пронашла клучот за баланс меѓу кариерата и приватниот живот.
Ако жената во животот одбрала да се самоактуализира преку ставање на работата пред семејството, тогаш таа:
Жената кога ја става работата пред семејството при себереализацијата, ја изместува цврстата стереотипна матрица на патријархатот и:
Годината 1928 е клучна во процесот на стекнување права на жената, што до ден-денес ја прават неа неприкосновена пред законот како канон на државата. Правото на глас и правото на работа ја иницираат нејзината севремена зрелост. Нејзините права се човекови права.
Штом е така, таа има право да сака да се докаже не само како мајка, туку и како деловна жена или како политичарка. Со тоа таа дава придонес во општествениот, научниот, социјалниот и правниот напредок на поредокот. Така, таа суптилно и конструктивно го деконструира патријархатот како начин на мислење и постапување на мажот, каде што тој има поголема моќ од жената, и постепено го претвора во структура на моќ каде опстојуваат и машкиот и женскиот принцип. Тоа значи дека жената сè повеќе е незаменлива на работното место, па и пред политичкиот и научниот аудиториум. Овде е важно да се нагласи дека всушност ако жената е емоционално, ментално и интелектуално изградена личност, тогаш таа прави реконсолидација на еден похуман културолошки систем, каде го наметнува поимот за инаквост – алтеритет во однос на еднодаденоста на патријархалниот маж, сакајќи да покаже дека и таа е дел од континуитетот на поредокот и на светот. Со тоа му сугерира на мажот дека и нему во семејството треба да му се додели еден дел од пакетот обврски, поврзани со стабилноста на семејното гнездо, каде испилените деца се заеднички „производ“. Ако тоа се сфати навреме, тогаш жената нема зошто да не се устреми кон повисоки цели од тоа да биде само добра сопруга, мајка и домаќинка.
Од друга страна гледано, нашата ера регулира една постојана либерализација, еманципација и мобилност на женскиот пол, при што доаѓа до редукција на разликите, до сексуална и афективна слобода на жената, што може да резултира со распад на поредокот, каде традиционално се одржуваат вредностите на семејството.. Тогаш се отвораат можности за владеење на најреакционерната идеолошка опција: луѓето да се репродуциаат без полови односи, имајќи предвид дека непродуктивните полови односи се смртоносни. Затоа, жената не треба по секоја цена да инсистира на својата еманципација, ако при тоа ја загуби женственоста, ако мажот го остави единствен кормилар на бродот семејство и ако децата станат дел од глобалните „вредности“ (трансвестизам, хомосексуалност, хируршка промена на половите, наркоманијата).
На овој свет само жената ја има привилегијата да раѓа, таа е космички симбол на обновата на светот. На крај, таа треба и етички да биде достојна на оваа парадигма и по секоја цена да не ја става работата пред семејството.
Имајќи предвид дека во постмодерното време брзините за предоминација на патријархатот како рамка и на неговата деконструкција од страна на жената, се измешале, треба да се размисли каде треба да се вложат сили за сè да биде на свое место.
Чинам дека постојано треба да се ревидира патријархалната когнитивна рамка за да се дојде до појасна слика за дискурсната матрица во којашто се наоѓаме и со тоа да се создаде простор за креирање на контекст што дава еднакви можности за сите и кој од разликите не создава непремостливи бариери. Машкиот родоцентризам на минатите времиња треба да не одбива да мисли за различното, туку различното да го доживее како споделена неопходност.
Пишува м-р професор Даниела Петровска
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)