АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот од независната советничка група „Поинаку“ Алмир Адемовски покрена лавина коментари на социјалната мрежа Фејсбук и предизвика реакции и од граѓани и од политички субјекти откако во „пресметка“ со поранешен поддржувач на „Поинаку“ го симна нивото на комуникација на најниско ниво, или како што коментираат дел од нив го допре дното со вулгарности и ниски страсти.
Така на коментар на нивен доскорешен поддржувач, дека независните од „Поинаку“ го блокирале да коментира на објавите на независната група „Поинаку“ на Фб , Адемовски возвраќа со речник на кој останатите реагираат дека не му долукува на советник избран од граѓаните да ги претставува во Советот на Општина Битола.
На однесувањето на советникот Адемовски реагира и ОО на ЛДП Битола, која бара Адемовски да им се извини на жените и да си поднесе оставка заради недоличното однесување и вулгарностите.
-Кога мислевме дека со коритото и чепот на камионите од „Комуналец“ како изум на Чулакоски и со последните настани кои ги прави претседателката на Совет заедно со Вмро Дпмне и блокирањето на Битола, глупостите завршуваат, „Поинаку“ го достигна дното, се појави уште еден бисер, овој пат од нивниот трет советник Алмир.