КОГА СМЕ ВО ПРАВО?!

Август 09, 2018

Многу е занимливо колку ние луѓето имаме потреба да докажуваме дека сме во право. Научните истражувања велат дека луѓето трошат 85% од времето и голем дел од својата енергија САМО да докажат дека нивното гледиште е правилно. Разбирам дека внатрешниот порив е многу интензивен и спонтан, како вулкан кој еруптира, но кога го сменав аголот на гледање се ,,стана,, различно од порано.

Имав среќа најпрво да чујам една реченица : - Секогаш кога имате потреба да реагирате бурно без оглед на околностите прашајте се себе ,,сакам да бидам во право или да бидам во мир со себе,,? Тоа само ме заинтригира и постапувајќи по старите ментални шеми одвреме на време само помислував на тоа кога ќе тргнев да расправам. А, потоа сфатив дека до крајотна дискусијата започнав да се прашувам себе: Која ми е намерата? Што ќе постигнам со ова? Така во прв момент се ослободив од потребата да докажувам некому нешто, а потоа го слушнав и првиот аксиом во Неуро лингвистичкото програмирање (врвна методологија за личен и професионален развој) кој гласеше :МАПАТА НЕ Е ТЕРИТОРИЈА.

Мозокот не може да обрне внимание на сите информации кои стигнуваат до нас од надворешниот свет затоа што секоја секунда во нашиот мозок влегуваат отприлика два милиони битови на информации. Науката вели дека можеме да обрнеме внимание на отприлика 7 делови од информацијата во еден момент, а магичниот број е 7+2. Работата е во тоа што сите обрнуваме внимание на различни информации. И иако ,,ТЕРИТОРИЈАТА,, односно она што е случува во надворешниот свет е исто за сите, сите примаат различни информации поради различната ,,МАПА,,Тоа значи дека нашата,,внатрешна презентација,, на она што е надвор е збир на информации кои ги имаме во нашиот ум и кај сите е различна. Тогаш сфаќаме зошто три вработени од ист состанок излегуваат со сосем различни информации.

Но, да не должиме...мапата во нашиот ум за која има многу да се зборува не е иста со мапата на оној другиот. Во суштина сите сме во право. Ако научиме да ја почитуваме туѓата мапа ќе ја намалиме потребата да бидеме во право и ќе бидеме среќни уважувајќи го спротивното мислење.И секако дека има корисни и помалку корисни мапи, но за тоа во некоја друга прилика.

Потребата да бидеме во право е работа на егото ......и иако може многу да се зборува на оваа тема важно е да се насочиме правилно и 85% од нашето време го вложиме во она во кое ќе внесеме страст. Напуштајќи ја потребата да бидеме во право ќе стигнеме до сопствениот мир и сопствен успех. А истовремено ќе научиме да ја уважиме и другата страна потполно почитувајќи ја.

Пишува,

М-р Билјана Галовска (coaching &NLP practitioner),Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани