Зад секое однесување се крие добра намера

Март 03, 2019

Пишува м-р Билјана Галовска Coaching&NLP

 

Кој не ја слушнал изреката ,,нема смрт без суден ден’’? Нема таков! Фактичката состојба е дека тој суден ден постои и чека на нас. Но, додека стигне (порано или подоцна) сите имаме живот во кој покрај другото некогаш знаеме да се повредиме, навредиме, фрустрираме и си отвориме рани едни со други. И тоа најчесто од оние кои ни се најблиски и од оние во кои сме имале доверба, од кои сме очекувале и од тие кои ни значеле живот. После тоа оставени на фрустрациите можеме да одлучиме да простиме, да ја научиме лекцијата или не, а кога нема да ја научиме да покренеме невидливи за другите блокади на повеќе нивоа. Оваа ситуација не е едносмерна улица....односно и ние сме оние кои повредуваме.

Треба да знаеме дека никој наутро не станува од креветот со мислата ,,денес ќе ти го уништам денот, животот, расположението“. Едноставно ќе се случи. Она што ние го сакаме тогаш најчесто е да сме ислушани, разбрани и испочитувани. Во Неуролингвистичкото Програмирање постои аксиом кој вели ,,во секое однесување се крие добра намера’’. Ако научиме да живееме според него како корисна претпоставка која не бара научни докази ќе дојдеме во ситуации да се запрашаме ,,која беше мојата, а која добрата намера на другата страна“? Иако ова звучи по малку чудно затоа што ретко или можеби никогаш не ја бараме добрата намера во нечие неприфатливо однесување на овој начин, со малку труд ќе видите дека можеби нечие дерење, лутење, бес и гнев е само недостаток на аргументи, или несигурност во себе, или страв од нешто што следи,потреба за контрола над ситуацијата, или неможност за контролирање на сопствените емоции.

Низ животот сме искусиле дека сите фрустрации се во нас, посебно кога одговараме на прашањето Каде го чувствуваш тоа? Иако во прв момент изгледа дека се доаѓа од надвор, се што доживуваме ние се случува внатре во нас. Затоа е добро да ја побараме и добрата намера. Но, тоа не значи да се оправдаме туку да разбереме зошто ние или оној спроти нас се однесува на ваков или на таков начин. А, така можеме да се промениме себе и нашата комуникација со најблиските кои ни се важни. Затоа што секој заслужува да биде подобар од вчера, а ние исто така.

Пишува: м-р Билјана Галовска, Coaching&NLP

пред. на Бизнис Академија Смилевски

инфо разговор може да закажете на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани