АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ристо Најденов од битолското село Цапари кој се смета дека прв во Македонија увезол автомобил на почетокот од минатиот век, со фотографска опрема и фотоапарати го снабдувал Милтон Манаки, пишува битолскиот новинар и фотограф Петар Ставрев, уредник во списанието „Знаетчија“ обновено по повеќе години пауза.
„Во историските анали е запишано името на некој си Ристо од село Цапари како прв професионален возач во 1912 година. Првиот автомобил во земјава бил Форд Т што во Битола бил донесен од Детроид и чинел 850 тогашни долари. Во Скопје пак, првиот автомобил бил донесен во 1911 година од марка „рено“, а го донесле браќата Ашамии. Битола и Скопје во тоа време биле најавтомобилските градови на Балканот, а пред нив предничеле само Солун и Цариград“, пишува Ставрев во „Занетчија“ повикувајќи се на податоци од новата монографија на професорот Никола Панов.
Од роднини на возачот Најденов дознал дека тој патувајќи низ Европа по делови за своите автомобили, автобус и земјоделски машини, а како добар пријател на Милтон Манаки често од странство му набавувал фото опрема и фотоапарат. Манаки, пак го фотографирал на велосипедски и автомобилски трки.